* Репрезентативен примерок - манипулативен трошок 3%, трошок за апликација од 300 МКД, месечен ануитет 6.389,00 МКД, вкупен износ за враќање 392.609,00 МКД
**12,09% СВТ за износ на кредит од 300.000 МКД, каматна стапка 10,10%, рок на отплата 60 месеци,
**Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот (манипулативен трошок), надоместокот за аплицирање и обработка (трошок за апликација) и висината на договорната каматна стапка и износот на осигурувањето.
***Каматната стапка е варијабилната и е пресметана како збир од каматната стапка на основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народна банка на Република Северна Македонија (каматна стапка на благајнички записи), што важи на последниот ден од полугодието што му претходи на тековното полугодие и фиксен додаток од 8 процентни поени на годишно ниво.
Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година согласно измената на каматната стапка на благајнички записи која ја објавува НБРМ, а која е со важност на 30.06 односно 31.12.