НЛБ Кеш центар е услуга која за корисниците обезбедува целосно ослободување од грижата за транспорт на готовината и уплата на истата на сметка во Банката.
НЛБ Кеш центарот за правни лица ги врши следните услуги:
- Превземање на дневен пазар од просториите на правните лица и транспорт на истиот до НЛБ Банка
- Уплата на дневниот пазар на платежна сметка на правното лице во НЛБ Банка
НЛБ Кеш центарот за деловни банки ги врши следните услуги:
- Продавање / купување и транспорт на готовина во денари
- Превземање и транспорт на готовина во странска валута на сметки во странски банки
- Транспорт на готовина во домашна и странска валута меѓу филијали
- Опслужување на АТМ-и