Девизни / Денарски гаранции – Ностро

 

Основни информации

Гаранцијата е неотповиклива обврска на гаранторот да плати по презентација на документација за наплата во согласност со гаранциските услови и меѓународните правила на кои може да подлежи.

Ностро е гаранцијата издадена од НЛБ Банка АД Скопје, по налог на нејзин комитент или за сопствени потреби. Во улога на налогодавач може да се јават физички и правни лица (не/комерцијални субјекти, финансиски институции и сл.). По налог на барателот, банката може да ангажира друга банка да биде во улога на гарантор.

Гаранцијата се издава:

  • На меморандум на банката,
  • Преку SWIFT или
  • Како гаранција на понудата во електронска форма (тендерска електронска гаранција), која е потпишана со 2 (два) електронски потписи во форма на дигитален сертификат од овластените лица на банката.

Овластените лица кои се носители на дигитален цертификат наменет за заверка на гаранциите во електронска форма се: 

Елена Ценева, Тања Шиљковски, Марија Јанчиќ, Елена Ицевска-Илиева, Магдалена Смилевска и Андреј Ефтимов

Што е потребно?

  • Да поднесете уредно заверен образец за издавање (контра)гаранција
  • Да имате отворено денарска и девизна сметка во НЛБ Банка
  • Документ кој ја одразува комерцијалната зделка помеѓу налогодавачот и корисникот
  • Соодветно обезбедување

Каде можете да го доставите барањето?

Во Служба за документарно работење, лоцирана во Дирекцијата на Банката или експозитурата со која соработувате.

За сите потребни информации можете да се обратите на:
Е: egarancii@nlb.mk

За девизни гаранции
Тел: 02 / 5100 - 490
Тел: 02 / 5100 - 621
Тел: 02 / 5100 - 827

За денарски гаранции
Тел: 02 / 5100 – 473
Тел: 02 / 5100 – 885
Тел: 02 / 5100 – 485

Провизии и трошоци

Надоместоците зависат од видот и висината на изложеноста, типот на обезбедувањето, потребата за инволвирање на други банки итн. Повеќе детали имате во тарифникот на Банката.

(Тарифникот може да го превземете тука)

Потребни документи

  • Копија од основниот аранжман на кој ќе се темели обврската за гарантирање.
  • Дополнителни документи во зависност од обезбедувањето и основниот аранжман.
  • Договор за издавање на гаранцијата (се склучува со Банката).