НЛБ Банка издава бизнис кобрендирани картички во соработка со следните кобрендинг партнери: Еуро Табак ДОО Скопје, Гемак Траде ДООЕЛ Скопје, Тобако - Скопје, Пекабеско АД Скопје, Експанда ДООЕЛ Скопје и Табако Промет БМ ДООЕЛ Валандово. Со нив можете да добиете бројни придобивки во зависност од договорената соработка помеѓу Банката и кобрендинг партнерот.
Кобрендираните картички се за правни лица - малопродажни места (трговци) кои се клиенти на кобрендинг партнерот и кои набавуваат стоки и услуги од неговиот асортиман.
- Безготовинско одложено плаќање на обрските кон добавувачите
- Без камата за навремено подмирување на доспеаните обврски
- Плаќање на обврските со траен налог или НЛБ ПроКлик
- Картичката важи исклучиво за плаќања кон соодветниот добавувач – кобрендинг партнер на Банката
- Грејс период до 45 дена