НЛБ Банка ги намали провизиите за правни лица за меѓународни девизни плаќања во рамки на банките членки на НЛБ Групацијата (Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Косово, Република Српска). Провизијата за Лоро и Ностро дознаки изнесува 5 ЕУР (SHA/BEN опција) , додека провизијата за Ностро дознаки со OUR опција е намалена и изнесува 10 еур.
Овие провизии се со важност до 30.06.2019 година и се однесуваат за електронски плаќања извршени помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата, без разлика на износот на трансакцијата и без SWIFT трошоци.