Кредитирање проекти за обновливи извори на енергија 

Проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори

Проектите за производство на електрична енергија од обновливи извори се реализираат преку правни лица формирани специјално за таа намена (SPVs – Special Purpose Vehicles). Предмет на финансирање се фото-волтаични, ветерни и хидро централи.

Сопствено учество

Минимум 25% учество од вкупната инвестиција 

Максимален рок на важност

До 15 години

Валута на кредитот

ЕУР, МКД

Грејс период

До 12 месеци и во зависност од периодот на изградба

Обезбедување

Залог на сите средства на проектната компанија SPV и придобивките

од сите проектни договори и осигурувања:

•  залог на уделите на спонзорите во SPV проектната компанија;

•  залог на сите средства на проектите (вклучително и права и интереси);

•  доделување на сите проектни договори, вкл. осигурувања...;

•  кој било друг колатерал доколку е релевантен или потребен.

 • приливи на сметки од продажба на ел.енергија

Потребна документација за финансирање на проектот

Потребна документација за проектот

-           Договор за купопродажба на земјата, имотен лист и лист за предбележување

-           Одобрение за градба за централа и поставување кабелско поврзување

-           Договор со откупувач на електрична енергија (PPA – Power Purchase Agreement)

-           Договор за изградба на централа со изведувач и податоци за вредноста на опремата

-           Договор за надзор на градба

-           Договор за поврзување со мрежа

-           Биснис план со вклучени проекции

-           Документација за еколошки и социјални аспекти

-           Друга дополнителна документација

За повеќе информации, контактирајте не на v.mishev@nlb.mk или на 02/5100-873