Доброволните пензиски фондови се формирани со цел на граѓаните да им се овозможи да ја надополнат пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост. Како резултат на тоа, вложувањето во доброволните пензиски фондови Ви овозможува да заштедите за „златните години“.
Сава Пензија плус е отворен доброволен пензиски фонд кој им овозможува на поединците сами или преку својот работодавач, да штедат и да остварат право на дополнителна пензија.
Преку уплата во доброволно пензиско осигурување можете да ги наградите вработените и да им овозможите да остварат дополнителна пензија, а притоа за уплатените средства ќе имате пониски трошоци.
Придобивките се следниве:
- Принос на фондот – принос остварен од вложувањата на фондот во различни класи на инструменти во текот на одреден период. (Остварени приноси)
- Даночни стимулации - На доброволните придонеси уплатени од страна на осигурител за своите вработени или членови не се пресметува и плаќа персонален данок на доход, не се плаќаат социјални придонеси, а трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд се даночно признат расход за целите на пресметка на данок на добивка до законски пропишаниот износ.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk
тел. 02 3224 229