Програма за субвенционирање камата по кредити дадени на компании кои ја реинвестираат добивката во соработка со РБСМ

За кого е наменета оваа програма?

Корисници на овој производ може да бидат трговски друштва, обврзници на аконтативен данок од добивка за 2021 година согласно Законот за трговски друштва, кои редовно ги сервисираат обврските кон државата и кои донеле одлука да ја реинвестираат добивката за 2021 година. Трговските друштва потврдуваат дека ја реинвестирале добивката со акт- одлука за реинвестирање на добивката.

Кредитот не е наменет за трговски друштва во државна сопственост или трговски друштва во кои со најмалку 51% од основната главница државата е содружник или акционер.

Трговкото друштво кое се квалификува како корисник на кредитит може да користи субвенција за камата само од една банка (учесник во програмата за субвенционирање) и само за еден кредит.

Намена

 За oсновни и обртни средства по ф-ра, про ф-ра, договор за купопродажба

Износ

Од 300.000 мкд до 30.000.000 мкд

Валута

МКД

Каматна стапка 

4% фиксно годишно

Рок на важност

До 12 месеци

Начин на отплата

Отплата во рати (согласно определена динамика)

Провизија за одобрување

1,5% од износ на кредит

Минимум обезбедување

Согласно Политиката за одобрување на пласмани на Банката 

Дополнителни услови

•Износот на кредитот не е поголем од 20% од износот на нето добивка остварена во 2021 година,

•Износот на кредитот не е поголем од износот на добивката за 2021 година која се реинвестира.

Дополнителни напомени

• Каматата ja плаќа Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) по одобрување на субвенцијата од нивна страна,

• Горе наведената понуда ќе биде предмет на одобрување на органите на Банката согласно Мерилата и постапките на одбрување на пласмани на Банката.

 

Потребни документи

  • Документ како доказ дека кредитокорисникот е обврзник на аконтативен данок од добивка за 2021 година (Образец ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка за 2021),
  • Одлука од кредитикорисникот за реинвестирање на добивката од 2021 година, донесена од соодветен орган согласно актот за основање на друштвото,
  • Потврда од УЈП не постара од 31.01.2022 година дека кредитокорисникот редовно ги сервисира обврските кон државата,
  • Тековна состојба за кредитокорисникот не постара од 6 месеци,
  • Тековна состојба за вистински сопственик не постара од 6 месеци,
  • Биланс на состојба и биланс на успех за 2021 година за кредитокорисникот,
  • Изјава од кредитокорисникот дека нема поднесено барање за кредит со субвенционирана камата во друга банка.

 Врз основа на доставените податоци Банката ќе изврши целосна анализа и ќе бидете известени за одлуката за одбрување и ќе се помине кон останатите чекори на одобрување и исплата на кредитот .