ПОС терминалите на Банката овозможуваат опслужување на кредитни трансфери со картички од следните картични
брендови/програми:
- Maestro картички издадени од сите домашни и странски банки
- MasterCard® картички издадени од сите домашни и странски банки
- Visa Electron картички издадени од сите домашни и странски банки
- Visa картички издадени од сите домашни и странски банки
- Локални картички за домашна употреба издадени од македонски банки
НЛБ Банка е единствена банка на македонскиот пазар која поседува техничка можност за прифаќање на картичките од програмите на:
- Diners Club
- Discover и
- American Express
ПОС терминалите на НЛБ Банка функционираат во согласност со најсовремените безбедносни стандарди пропишани од страна на меѓународните картични платежни системи (Visa и МasterCard®).
Согласно Вашите деловни потреби, банката е во можност да Ви понуди процесирање на кредитни трансфери со картички преку најсовремени GPRS или LAN ПОС терминали кои поддржуваат бесконтактно плаќање. Овие модели на ПОС терминали во комбинација со бесконтактната технологија овозможуваат спроведување на определени трансакции без потреба од физички контакт помеѓу картичката и ПОС терминалот што ќе придонесе за максимално скратување на времето на спроведување на трансакцијата.