#РамкаЗаПомош

 

Со овогодинешниот проект Рамка за помош им даваме регионална можност на оние кои работат за доброто на луѓето.

Регион на големи срца и идеи

НЛБ Групацијата верува дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството. Секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија. Но, ако сакаме да го постигнеме ова, прво мора да создадеме социјални услови во кои секој може целосно да го развие својот потенцијал. Затоа, овогодинешниот проект Рамка за помош, особено бара иновативи проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици предизвикани од деменција и други болести на стареењето на населението.

Во денешно време, кога општеството и економијата се најдоа среде еколошките проблеми, често забораваме на важноста на социјалната компонента на одржливоста. Тоа е исто толку важно, бидејќи и еколошкиот и социјалниот аспект интензивно работат заедно и се причина и последица еден на друг.

Можност за секој кој работи за доброто на луѓето

Додека го набљудуваме светот околу нас, се чини дека ние како општество сме го изгубиле патот. Но, ние веруваме во овој регион и во големите срца на својот народ. Затоа, со Рамката за помош, оваа година им даваме можност на оние кои работат за доброто на луѓето. Сакаме заедно да изградиме подобро општество за луѓето.

Во рамките на повикот за предлози, кој ќе трае од 29 јануари до 10 март 2024 година, локалната комисија најпрво ќе избере 10 финалисти на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата.

Бизнис идеите и проектите на компаниите, трговците-поединци и физичките лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои работат за доброто на луѓето ќе бидат наградени со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Дополнително, со нашата финансиска поддршка ќе им овозможиме на овие победници полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро. Добитниците ќе бидат објавени на 9 мај 2024 година во Љубљана.

Поддршка на иднината

Што добиваат 3-те регионални победници?

 Трите идеи кои најдобро се справуваат со предизвиците на работењето за доброто на луѓето ќе ги добијат следните финансиски награди од НЛБ Групација:

• 1 место: 50.000 евра

• 2 место: 30.000 евра

• 3 место: 20.000 евра

 

Што добиваат 10-те избрани финалисти од Северна Македонија?

• Паричен износ од 60.000 мкд финансиска поддршка исплатена на бизнис картичка за правни лица и дебитна за физички лица,

• Бесплатна Visa Business картичка или Visa Debit за физички лица

• Промоција на финалистите на дигиталните канали на НЛБ Банка Скопје и медиумските партнери

 

Како да учествувате?

Учеството во проектот Рамка за помош е отворено за компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои даваат можности за одржливи идеи и проекти со социјална нота, без разлика на индустријата. За да се квалификувате за поддршка, пополнете ја и поднесете ја апликацијата онлајн најдоцна до 10 март 2024 година. Повеќе информации за процесот и критериумите за избор може да најдете во Правилата и условите за учество.

 

Нашата визија за иднината

Тврдиме дека одржливоста не е само нешто што некој го става на хартија. Тргнавме по патот на интензивна интеграција на одржливоста во нашето банкарско работење. Ние, исто така, ги охрабруваме нашите клиенти и партнери да го сторат истото и постојано ја прилагодуваме нашата понуда за одржливо финансирање во согласност со потребите на пазарот. Во НЛБ Групацијата сме посветени на создавање поквалитетен живот за сегашните и идните генерации. Онаму каде што другите гледаат само точка на мапата, ние гледаме регион полн со можности.

Нaшата групација, се приклучи на Net-Zero Banking Alliance на Обединетите нации, чија цел е да ги усогласиме нашите кредитни и инвестициски портфолија со нето-нула емисии до 2050 година или порано.

Финалисти во нашата држава: 

  • Бренд Солушн – „Best Online Assistant“ е платформа за едукација, кариерен развој и различни видови на вработување на лица со попреченост. (full-time, part-time, remote or freelancers) а од оваа година и сертифицирани за "Disability management" обуки за пресонал и адаптација на простор на компаниите.
  • Здружение за подршка и развој „Хуманост“- Проектот „Inclusive Care“ пред се е креиран од потребите на заедницата ( клучните чинители, образовниот систем и семејствата на лицата со попреченост) и истиот има за цел да воспостави иновативен центар за дневен престој кој ќе ги задоволи потребите на лицата со попреченост ( деца, млади и возрасни) во Демир Капија.
  • Донирај Компјутер - Примарна цел на кавадаречката компанија е да се зголеми бројот на донациите што им ги подаруваат на децата без компјутер. Во рамките на проектот целат кон обезбедување на сопствена работилница во Скопје. Од 2016 година досега, собрани се, поправени и донирани околу 3000 компјутери низ цела Македонија.
  • Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“- Целта на проектот е да се подобри социјалната интеграција и да се развијат социјалните вештини кај адолесценти и млади со аутистичен спектар на нарушувања (АСН), преку воведување на различни активности и мерки за поддршка. Главната намена е да се создаде инклузивна заедница каде што сите индивидуи, вклучувајќи ги и оние со АСН, имаат можност за успешно вклучување и учество.
  • Калчр технолоџис- Разговор.мк е платформа за грижа за менталното здравје, основана во 2020 година. Преку мобилната апликации, може анонимно да се пребараат над 80 лиценицрани психолози и со истите да закажат и оддржат сесија онлајн. Ова е прв и единствен ваков продукт во Македонија а околу 60% од корисниците преку разговор.мк за прв пат разговарале со психолог во својот живот.
  • Кантрисајт Ретрит- Станува збор за првиот Green Comfort Center за терапија со животни во државата. Со проектот целта е да се понуди бесплатна хипотерапија за лицата со физички и ментални предизвици и попречености, преку иновативна и специјализирана услуга потребна за секој поединец, а најмногу за лицата со физички и психички проблеми. Терминот хипотерапија се однесува на професионална терапија базирана на клинички пристап и наменска употреба на движењето на коњите кое ги унапредува сензорните, невромоторните и когнитивните системи во човечкото тело.
  • Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“- Целта на проектот е подигнување на свесноста за менталното здравје, поттикнување на здравствени обрасци на однесување и протективни фактори за ментално здравје. Превенецијата е насочена кон препознавање на ризично однесување кај поединци од целната група, како и нудење алатки за јакнење на менталното здравје.
  • Здружение за создавање на подобро општество за сите „Шеринг ис керинг“- BW2CLUB е мрежен центар кој активно придонесува за благосостојбата и растот на жените и девојките, ги развива општествените иницијативи, ја стимулира креативноста и ги подобрува чувствата на сопствена вредност кај корисниците. Покрај тоа, планирани се специјализирани алатки прилагодени за жените претприемачки, особено тие во раните фази, нудејќи им видливост, валидација и можност за вмрежување.
  • Здружение за едукација и подигнување на социјална свест „За подобар свет“- Целта на проектот е преку едукација да се создадат нови генерации на деца кои од најмала возраст ќе знаат без страв да живеат со кучињата во нивниот дом и непосредната околина. Ќе се работи на развивање на емпатија кон кучињата, правилен соживот во домот и надвор. Целна група се деца од 6-11 години, односно ученици од прво до петто одделение.
  • Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака нова“- На околу 6000 регистрирани лица со оштетен слух во нашата држава, само 35 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик ги задоволуваат нивните потреби. Проектот „Знак за инклузијата: Подигање на свеста за подобрување на комуникацијата со глувите лица" има за цел да ја подигне свеста за комуникацијата со глувите лица и значењето на знаковниот јазик, преку обучување на лица за знаковен јазик.

 

Нашите партнери во проектот

                  

                          

Како да учествувам?

1

Пополнете ја апликацијата  

2

Споделете ја вашата приказна со нас

3

Испратете ја Вашата апликација и станете дел од проектот #НЛБ Рамка за помош.

Пополни апликација

Правила и услови за учество

Нашата визија за иднината

Нашето внимание е насочено кон иднината на овој регион.

Посветени сме на создавање на подобар живот за сегашните и идните генерации, бидејќи за нас овој регион не е само точка на картата, овој регион е нашиот дом.

  • Критериумите за избор на деловни субјекти, кои ќе се користат од страна на комисијата при процесот на селекција во прв степен, се следните:

    • Апликантот мора да биде клиент на НЛБ Банка Скопје или да стане клиент на НЛБ Банка  Скопје пред доделувањето на поддршката со отворање платежна сметка во НЛБ Банка Скопје;
    • Апликантот мора да биде правно лице, трговец поединец или поединец што независно се занимава со дејност, за која не е утврден законскиот организациски облик;
    • Седиштето на друштвото или постојаната адреса на живеење на поединецот апликант мора да се наоѓа во Република Северна Македонија;
    • Апликантот мора да работи најмалку 24 месеци;
    • Апликантот не смее да се занимава со дејства што се под сомневање за прекршување на важечките законски, даночни или други регулаторни правила и рамки чие финансирање е забрането со внатрешните прописи на НЛБ Банка Скопје
    • Друштвото или проектот со кои правното лице аплицира за тендерот се смета за одржливо доколку:
    • Ги следи насоките на Рамката за одржлив развој на НЛБ Групацијата (nlb.mk/cms/НЛБ Рамка за одржливост.pdf) во рамките на кои го зголемува позитивното влијание врз општеството и животната средина, притоа ограничувајќи ги негативните влијанија;
    • Има добро развиена идеја за одржливост (за која не е потребно таквиот одржлив производ / услуга да биде веќе достапен на пазарот);
    • Да има позитивно и разбирливо влијание врз подобриот квалитет на живот што може да се измери во Република Северна Македонија или во една од локалните области.
  • Нема ограничување во однос на дејноста на фирмата, клучно е таа да биде одржлива или да даде можност за одржливи идеи и проекти за подобро утре и има позитивно влијание врз локалната средина. Всушност, НЛБ Банка Скопје не поддржува активности за кои постои сомневање дека ги прекршуваат важечките правни, даночни или други регулаторни правила и рамки, и чие финансирање е забрането со внатрешни правила на НЛБ Банка Скопје.

  • Секако. Доколку сте избрани на тендерот, пред доделувањето на поддршката и поволностите, потребно е да отворите  трансакциска сметка во НЛБ Банка. Во случај да го прекинете деловниот однос порано од 24 месеци од завршување на изборот, обврзани сте да ги надоместите трошоците за бенефитите и да го вратите износот што сте го добиле како награда во рамките на проектот. Доколку станете регионален победник на проектот, потребно е да префрлите најмалку 50% од своето г работење во НЛБ Банка Скопје. (Ова важи за нови клиенти што немаат трансакциска сметка во НЛБ Банка  Скопје на денот на аплицирање за тендерот).