NLB Pay by link

Поедноставете го Вашето работење!




Што е NLB Pay by link? 


NLB Pay by link е услуга која овозможува брзо и лесно плаќање преку линк доставен од страна на трговецот.

„Pay by link“, преведено како „плаќање преку линк“, е опција за онлајн плаќање со платежни картички VISA и MasterCard која му овозможува на клиентот да плати за стоки и/или услуги преку линкот што му е испратен. Ова значи дека продавачот/ трговецот може да креира линк за плаќање и да го испрати до купувачот преку различни канали за комуникација.

Како до NLB Pay by link? 


 

Услугата може да се спореди со виртуелен терминал за кој не е потребно техничко знаење за користење на истиот, бидејќи самиот процес на креирање линк е прилично едноставен.

За да трговецот ја добие услугата потребно е да се регистрира во Банка, од каде преку процесинг Центарот на Банката ќе добие пристап до e-commerce конзолата преку која ќе може да генерира линк. Генерираниот линк може да го прати до корисникот преку различни канали, односно преку канал преку кој покрај линкот задолжително ќе ја испрати и пропратната документација за Политики на користење наменети за крајниот корисник. Трговецот генерира линк за секое поединечно плаќање посебно.

Генерираниот линк ги содржи потребни информации за комплетирање на трансакцијата со клик на линкот за пристап се отвораат податоци/инструкции за плаќање и по потврда, односно соодветна автентикација, се врши плаќање. 

Карактеристики на NLB Pay by link? 


 

Едноставно - Користењето на услугата не бара технички интеграции и единственото нешто што продавачот треба да го има е банкарска сметка. Едноставно генерирајте ја врската, поставете го нејзиниот датум на истекување доколку сакате, испратете ја до клиентот и прифатете плаќања. Врската може да се сподели преку кој било канал (WhatsApp, Viber, е-пошта, СМС)

 

Практично - Пристап до веб-порталот Банкарт за управување со трансакции во реално време. Услугата нуди и опција за персонализирање на врските според вашиот бренд со додавање лого или име на компанија.

 

Безбедно - Обезбедено со стандардот PCI DSS и протоколот 3D Secure, што ја минимизира можноста за злоупотреба на картичката.

Документација:

Барање за инсталација на Paybylink  

 

  

Провизија од трансакција: 2,5% до 3,0% од износот на трансакцијата, минимум 30 МКД 

Месечен фиксен надомест за одржување: 500 мкд

Промотивен период за користење на Pay by link без трошок за месечен надомест во периодот до 25.5.2025 со поволност од 6 месеци за бесплатно користење на услугата за нови корисници, од датумот на активација на услугата.