Инкаса Ностро

 

Основни информации

Кај инкасото Банката постапува по инструкциите за доставени документи со цел да се предадат откако ќе се реализира плаќање или ќе се обезбеди преземање на обврска за плаќање на иден датум. Ностро е инкасото кога НЛБ Банка АД Скопје испраќа документација за наплата по налог на нејзин комитент или за сопствени потреби. Во улога на налогодавач може да се јават физички и правни лица.

Што е потребно?

Да имате отворено денарска и девизна сметка во НЛБ Банка.

Каде можете да го доставите барањето?

Во Дирекцијата на Банката - Служба за документарно работење и сите експозитури на Банката 

За сите потребни информации можете да се обратите на:
Тел: 02 / 5100 - 485 
Тел: 02 / 5100 - 621
Тел: 02 / 5100 - 825
Тел: 02 / 5100 - 885

Е: dokumentarno_rabotenje@nlb.mk   

Провизии и трошоци

  • Провизија за испраќање на документи: 0,10% од вредноста на документите, еднократно (минимум 1.500 МКД) зголемен за износот на ДДВ. 
  • Измена на условите: 1.200 МКД еднократно (за секој амандман), зголемен за износот ДДВ.
  • Курирски трошоци за испраќање на документи – според фактурираната вредност

Потребни документи

  • Финансиска и/или комерцијална документација за наплата
  • Интерен образец со инструкции за наплатата (кој ќе го добиете од Банката), потпишан и заверен со печат од налогодавачот.