Мastercard Business дебитна картичка

Бизнис картичка директно поврзана со платежна сметка на правно лице.

Карактеристики

Mastercard Business дебитната картичка гласи на име на правното лице и може да се користи за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Наменета е за фирми и претпријатија кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби.

  • Можност за 24/7 користење на средствата од трансакциската сметка вклучително и одобрените средства од Overdraft на сметката на правното  лице
  • Едноставно следење на сметката и трошењето преку услугата НЛБ Проклик - Електронското банкарство
  • Без провизија за плаќање во продажната мрежа во земјата и странство
  • Подигнување готовина на сите банкомати каде е истакнат знакот на MasterCard®
  • Дневен лимит за плаќање на продажни места до 250.000 МКД
  • Дневен лимит за подигнување на готовина на банкомат до 250.000 МКД

 

Трошоци

  • Годишна членарина: 600 МКД 

Останати бенефити за корисниците на Mastercard Business картичките


FAST TRACK им овозможува на патниците брз пристап во делот за чекирање на багажот, убрзување на процесот на чекирање, на повеќе од 70 аеродроми низ светот. 

Овој бенефит е овозможен на имателите на НЛБ Mastercard Business кредитните и дебитните картички, преку мобилната апликација Mastercard Travel Experiences (MTE) од DragonPass или на travelexperiences.mastercard.com 

Сопственикот на картичката ја презема апликацијата MTE и се регистрира во апликацијата или веб-страница со неговата Mastercard Business картичка.

Пред патување, сопственикот на картичката влегува во апликацијата/веб-страницата MTE и избира аеродром, број на патници, временско растојание во кое ќе мора да ја поминат безбедносната проверка. Сопственикот на картичката ја гледа цената која варира помеѓу 4 и 17 ЕУР по лице, ја потврдува и добива Fast track код во апликацијата или на е-маил.

Сопственикот на картичката оди во Fast track зоната на аеродромот и ја прикажува неговата Fast track пропусница за да добие пристап.

GLOBAL DATA ROAMING им овозможува на имателите на Mastercard Business кредитните и дебитните картички, бесплатен 3х1 ГБ за 3х5 последователни денови, роаминг интернет за повеќе од 200 земји низ светот, преку eSIM и Flexiroam апликацијата. Повеќе инфо за поволноста на линкот.