FAST TRACK им овозможува на патниците брз пристап во делот за чекирање на багажот, убрзување на процесот на чекирање, на повеќе од 70 аеродроми низ светот.
Овој бенефит е овозможен на имателите на НЛБ Mastercard Business кредитните и дебитните картички, преку мобилната апликација Mastercard Travel Experiences (MTE) од DragonPass или на travelexperiences.mastercard.com
Сопственикот на картичката ја презема апликацијата MTE и се регистрира во апликацијата или веб-страница со неговата Mastercard Business картичка.
Пред патување, сопственикот на картичката влегува во апликацијата/веб-страницата MTE и избира аеродром, број на патници, временско растојание во кое ќе мора да ја поминат безбедносната проверка. Сопственикот на картичката ја гледа цената која варира помеѓу 4 и 17 ЕУР по лице, ја потврдува и добива Fast track код во апликацијата или на е-маил.
Сопственикот на картичката оди во Fast track зоната на аеродромот и ја прикажува неговата Fast track пропусница за да добие пристап.
GLOBAL DATA ROAMING им овозможува на имателите на Mastercard Business кредитните и дебитните картички, бесплатен 3х1 ГБ за 3х5 последователни денови, роаминг интернет за повеќе од 200 земји низ светот, преку eSIM и Flexiroam апликацијата. Повеќе инфо за поволноста на линкот.