#РамкаЗаПомош

Ова е нашиот дом. Регион на големи луѓе и идеи. Оваа година нашата #РамкаЗаПомош е отворена за сите компании кои создаваат можности за одржливи идеи и проекти кои носат подобра иднина. 

Регион на големи луѓе и идеи

Во регионот кој е наш дом, бевме меѓу првите кои погледнаа кон ѕвездите, кои планираа да отидат во вселената и кои ги поставија темелите на модерната електрична енергија. Овој регион беше дом на исклучително блескави индивидуалци кои го променија светот на подобро низ нивното делување. Годинешната #РамкаЗаПомош ја посветуваме на нивните наследници и нивните соништа за подобра иднина.

Можност за одржливост и проекти за подобра иднина

Годинешната #РамкаЗаПомош отвора можности за сите идеи кои „ги поместуваат границите“ . Главната цел е да се откријат уникатни и иновативни идеи кои можат најдобро да одговорат на предизвиците за одржливоста во овој регион.

Вашиот проект треба да следи еден или повеќе од 17-те принципи за одржлив развој :

  • Живот без сиромаштија
  • Живот без глад
  • Добро здравје и благосостојба
  • Квалитетно образование
  • Родова еднаквост
  • Чиста вода и санитарни услови
  • Достапна и чиста енергија
  • Достоинствен труд и раст на економијата
  • Индустрија, иновации и инфраструктура
  • Намалени нееднаквости
  • Одржливи градови и заедници
  • Одговорна потрошувачка и производство
  • Климатско дејствување
  • Живот под вода
  • Живот на копно
  • Мир, правда и силни институции
  • Партнерство за целите



Нашата финансиска помош, комуникациската поддршка и консултанските услуги ќе им овозможат на трите одбрани победници да ги материјализираат полесно своите визии и да почнат да го менуваат светот кон подобро.

Поддршка за иднината

Секоја земја од регионот каде што е присутна Групацијата ќе избере 10 локални финалисти кои директно ќе се пласираат во големото регионално финале во трка за 3 главни награди.

Три идеи одбрани од експертско жири како најдобри одговори на предизвиците на одржливоста, циркуларната економија и иднината ќе бидат парично наградени од НЛБ Групација: 

1-во место: 50.000 евра

2-ро место: 30.000 евра

3-то место: 20.000 евра

Покрај паричните награди, трите победнички компании ќе добијат и консултативна поддршка за успешно спроведување на одржливото работење во стратешките и оперативните процеси на една компанија. Победниците исто така ќе бидат претставени и на Блумберг каналите (на ТВ, на Bloomberg Adria Businessweek и на веб-страната bloombergadria.com)


Десетте финалисти од Република Северна Македонија ќе им бидат овозможени следните бенефити:

  • паричен износ од 60.000 мкд финансиска поддршка исплатена на бизнис картичка
  • бесплатна Business картичка
  • промоција на финалистите на локални медиуми, дигитални канали на НЛБ Банка и медискиот партнер Bloomberg Adria.

Великаните на сегашноста за великаните на иднината

Инспирирани од великаните на минатото во потрага сме по великаните на иднината на овој регион. Како дел од изборот, кој ќе трае од во периодот од 22.9.2022 до 22.10.2022 година, првостепената локална комисија прво ќе избере 10 финалисти на секој пазар поединечно.

Регионалниот комитет (второстепена комисија) ќе направи селекција на 3 победници од 60 финалисти кои доаѓаат од Словенија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. 

Победниците ќе бидат прогласени на 24.11.2022 година, на годишна Bloomberg конференција.

Критериуми и услови за учество во изборот

Тука можете да ги погледнете Условите и правилата за учество во #РамкаЗаПомош


 

 

Регионално жири

Во добри раце

Запознајте ја внимателно избраната петчлена комисија која се состои од еминентни поединци и експерти од поширокиот регион.   Комисијата која одлучува за тројцата регионални победници, се одликува со богато искуство и успех во областа на бизнис активностите и одржливоста.


Нина Ангеловска

Др. Нина Ангеловска е претпиремач чија страст за е-трговијата и дигиталната трансформација е водена од нејзината желба за промена. Таа моментално ја спроведува својата визија како Директор за меѓународен бизнис развој во Ананас Е-трговија. Нејзината работа е широко позната и во текот на нејзината успешна кариера таа била Министер за финансии на Република Северна Македонија и ја добила титулата “Forbes 30 Under 30”.


Мојца Маркизети

Мојца Маркизети е директор за ESG & Климатски промени, ревизија и осигурување за Централна Европа во компанијата Deloitte. Мојца е признат експерт во областа на одржливоста во регионот и има повеќе од 20 годишно искуство во спроведување на принципите за одржлив развој и циркуларна економија во претпријатијата и заедниците, во развојот на бизнис стратегии како и во менаџмент на спроведување промени и иновации.


Давор Сакач

Во текот на својата 22 годишна бизнис кариера, која ја изградил во голем број различни компании, Давор бил претежно на менаџерски позиции во различни бизнис области – воглавно во телекомуникацискиот, FMCG и финансискиот сектор. Во последните две години, Давор работи на креаирање на првиот и единствен официјален Corporate Venture Capital фонд во овој дел од Европа, формиран од страна на Телеком Србија.


Един Мехич

Един ја изградил својата 15 годишна кариера спојувајќи ги технологијата, потрошувачкиот интернет и забавниот сектор. Тој е сериски претприемач, докажан бизнис директор, бизнис ангел и консултант, мотивациски говорник и гостин предавач на неколку интернационални универзитети. Тој има страст за идеи кои поттикнуваат развој и создаваат иновативни проекти и бизниси.


Андреј Кнез

Андреј Кнез е главен пазарен аналитичар во Bloomberg Adria, првата регионална мултимедијална бизнис платформа во Југоисточна Европа. Тој води интернационален тим на аналитичари кои покриваат економија, финансиски пазари и корпоративни финансиски анализи во регионот. Искуството на Андреј вклучува рзлични менаџерски позиции во финансискиот сектор, во областа на управување со ризиците и анализите.


Кои се трите регионални победници и нашите финалисти?

Меѓународното стручно жири ги избра следните компании меѓу 60 финалисти од сите пазари каде делува НЛБ Групацијата:


1-во место: ANTEJA ECG консалтинг д.о.о. од Словенија;

2-ро место: Smart Watering Solutions д.о.о. од Србија

3-то место: Montex Elektronika од Црна Гора

**********

ANTEJA ECG: Решението лежи во циркуларната економија, а клучот за тоа е вештачката интелигенција.

Со проектот Value Chain Generator (VCG.AI) словенечката компанија ANTEJA ECG разви алатка за генерирање одржливи синџири на вредност, која користи вештачка интелигенција и голема база на податоци за создавање на нови синџири и поврзување на засегнатите страни во регионот и пошироко.

Од ANTEJA ECG велат: „VCG.AI директно припаѓа во областа на циркуларната економија, бидејќи го поврзува текот на материјалите, суровините, полупроизводите и отпадот на влезовите и излезите помеѓу засегнатите страни во различни индустрии и на овој начин гради одржливи синџири на вредност.“

Со нивното решените планираат да обезбедат намалување на CO2 емисиите за 30.000 тони и за 5 години да намалат повеќе од 100.000 тони отпад.


Smart Watering Solutions: Фокусирани на потрошувачката на вода и производството на храна, српската компанија Smart Watering Solutions своите напори за одржлива иднина ги насочи кон одржливо производство на храна, поконкретно на развој на автоматизирани системи за наводнување кои работат со помош на сензори и мобилна апликација.

Покрај тоа што придонесуваат за снабдување со храна, обезбедуваат и заштеда во потрошувачката на вода. Проектот има регионално влијание врз одржливоста на земјоделството, а производот кој што го развиваат има потенцијал да се пробие на светскиот пазар.


Montex Elektronika
: Со модерна технологија против заканите од пожари

„Заштитата на шумите од пожари е предизвик за секоја земја, а Црна Гора не е исклучок, бидејќи секоја година трпи многу штети од пожари“, велат од компанијата Montex Elektronika. Нивниот тим врз основа на истражувањата почна да бара решение за спречување на ризиците од пожари и намалување на последиците. Тие изработија и платформа за рано откривање на пожари и навремено известување на надлежните служби преку активен центар за мониторинг. Проектот е вграден во локалното опкружување, бидејќи ја обединува и координира работата на неколку служби и граѓаните штом се пријави потенцијалната опасност да настане пожар.

**********
Финалисти во Северна Македонија

1. ФЕРО ИНВЕСТ - Производство на возила за собирање на отпад на електричен погон и на погон на хидроген. Сите возила се со нула штетни емисии во атмосферата.
2. ЕКО СОЛАР – Примена на соларна енергија во агросектор, хибридни сушници за овошје и зеленчук.
3. АПМДД – PowerWheel, единствен и иновативен производ кој им обезбедува на корисниците да напојуваат електричен уред со енергија акумулирана од движењето на различни предмети кои имаат тркала.
4. ТЕРМО МОДУЛАР - Иновативна технологија за лесен перлитен бетон со силни и конкурентни карактеристики за енергетски ефикасна градба.
5. ГРИН ИТ - Challenger@work, мобилна апликација со веб платформа. Компаниите добиваат алатка со која ги мотивираат вработените да практикуваат одржливи навики, а преку платформата добиваат директна визуелизација колку и како вработени придонесуваат кон заштита на животната средина.
6. АЛТЕРНАТОР СТОЈАН – Иновативен „Генератор за електрична енергија HHO“ кој има за цел да произведе електрична енергија за помалите индустриски капацитети и за домаќинствата.
7. АГРО ГАВРО - Унапредување на постоечка дистрибутивна мрежа и продажба на биоѓубрива и биостимулатори произведени под брендот ,,Биовитал“ во Преспа, како единствени производи од овој вид во земјата. Шест еколошки видови производи се подготвуваат, истражуваат, тестираат во најсовремена лабараторија.
8. ПРОЕФЕКТ ИНОВО - Проект Балкански Младински Мозаик. Креирање на регионален социјално-претриемнички модел на производство на мозаици со користење на скршени (отпадни) керамички плочки како влезен ресурс и работно ангажирање на невработени млади без вештини (NEETs) и други маргинализрани групи.
9. ИТ ИНОВАТИОНС - Иновативнен и ефикасен модел на образование преку игра за намалување на CO2 емисиите, на локално и глобално ниво, заштита на животната средина, климатските промени, одржливиот развој и еколошки свесно живеење.
10. ОРГАНИК ХОМ – Производство на жива, органска козметика која се произведува на ниски температури, односно со минимално користење на електрична енергија. Спакувана во иновативна амбалажа која се класифицира како Zero Waste козметика.



Партнери на проектот:

Како да учествувам?

1

Пополнете ја апликацијата  

2

Споделете ја вашата приказна со нас

3

Добијте можност да станете дел од проектот НЛБ Рамка за помош.

АПЛИЦИРАЈТЕ

Нашата визија за иднината

Нашето внимание е насочено кон иднината на овој регион.

Посветени сме на создавање на подобар живот за сегашните и идните генерации, бидејќи за нас овој регион не е само точка на картата, овој регион е нашиот дом.

Најчесто поставувани прашања

  • Критериумите за избор на деловни субјекти, кои ќе се користат од страна на комисијата при процесот на селекција во прв степен, се следните:

    • Апликантот мора да биде клиент на НЛБ Банка АД Скопје или да стане клиент на НЛБ Банка АД Скопје пред доделувањето на поддршката со отворање трансакциска сметка во НЛБ Банка АД Скопје;
    • Апликантот мора да биде правно лице, трговец поединец или поединец што независно се занимава со дејност, за која не е утврден законскиот организациски облик;
    • Седиштето на друштвото или постојаната адреса на живеење на поединецот апликант мора да се наоѓа во Република Северна Македонија;
    • Апликантот мора да работи најмалку 24 месеци;
    • Апликантот не смее да се занимава со дејства што се под сомневање за прекршување на важечките законски, даночни или други регулаторни правила и рамки чие финансирање е забрането со внатрешните прописи на НЛБ Банка АД Скопје
  • Друштвото или проектот со кои правното лице аплицира за тендерот се смета за одржливо доколку исполнува еден или неколку од наведените принципи:
  1. Живот без сиромаштија
  2. Живот без глад
  3. Добро здравје и благосостојба
  4. Квалитетно образование
  5. Родова еднаквост
  6. Чиста вода и санитарни услови
  7. Достапна и чиста енергија
  8. Достоинствен труд и раст на економијата
  9. Индустрија, иновации и инфраструктура
  10. Намалени нееднаквости
  11. Одржливи градови и заедници
  12. Одговорна потрошувачка и производство
  13. Климатско дејствување
  14. Живот под вода
  15. Живот на копно
  16. Мир, правда и силни институции
  17. Партнерство за целите

Ги следи насоките на Рамката за одржлив развој на НЛБ Групацијата (nlb.mk/cms/НЛБ Рамка за одржливост.pdf) во рамките на кои го зголемува позитивното влијание врз општеството и животната средина, притоа ограничувајќи ги негативните влијанија;

  • Има добро развиена идеја за одржливост (за која не е потребно таквиот одржлив производ / услуга да биде веќе достапен на пазарот);
  • Да има позитивно и разбирливо влијание врз подобриот квалитет на живот што може да се измери во Република Северна Македонија или во една од локалните области.
  • Нема ограничување во однос на дејноста на фирмата, клучно е таа да биде одржлива или да даде можност за одржливи идеи и проекти за подобро утре и има позитивно влијание врз локалната средина. Всушност, НЛБ Банка не поддржува активности за кои постои сомневање дека ги прекршуваат важечките правни, даночни или други регулаторни правила и рамки, и чие финансирање е забрането со внатрешни правила на НЛБ Банка АД Скопје.

  • Секако. Доколку сте избрани на тендерот, пред доделувањето на поддршката и поволностите, потребно е да отворите  трансакциска сметка во НЛБ Банка. Во случај да го прекинете деловниот однос порано од 24 месеци од завршување на изборот, обврзани сте да ги надоместите трошоците за бенефитите и да го вратите износот што сте го добиле како награда во рамките на проектот. Доколку станете регионален победник на проектот, потребно е да префрлите најмалку 50% од своето г работење во НЛБ Банка АД Скопје. (Ова важи за нови клиенти што немаат трансакциска сметка во НЛБ Банка АД Скопје на денот на аплицирање за тендерот).