ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
 
 

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 24 - ти април (петок).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 24 - ти до 26 - ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27 – ми април, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.
 

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 - ми до 30 – ти април е креиран  согласно висината на пензијата и тоа: 
 

  • На 27.04.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
  • На 28.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
  • На 29.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
  • На 30.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.
      
     

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

 
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.