ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
 

НЛБ Банка ги известува своите клиенти - пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии 26- ти ноември (четврток).
 

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26- ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

  
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти ноември до 1- ви декември и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
   

·         На 26.11.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари

·         На 27.11.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари

·         На 30.11.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари

·         На 01.12.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

  

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.11 – четврток и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.