Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите- правни лица
Почитувани клиенти,
Би сакале да Ве информираме дека во периодот од 26.5.2025, НЛБ Банка ќе спроведува “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот”. Целта на ова истражување е зголемување на задоволството од целокупното корисничко искуство на клиентите како и подобрување на услугите и продуктите кои Банката ги нуди. Истражувањето ќе биде спроведено кај клиенти - правни лица, преку телефонски и online интервјуа.
Ви благодариме однапред за учеството.
Со почит,
НЛБ Банка