ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА, ДЕТСКА И ЦИВИЛНА ЗАШТИТА
НЛБ Банка на 5.9.2025 година (петок) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.
Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време.

Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Исплатата на сметките на клиентите ќе биде реализирана во текот на денот, после добиен прилив од страна на Министерство за труд и социјална политика.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје