Долгорочен кредит за мали и средни претпријатија 

Валута

Денарски кредит со девизна клаузула или девизен кредит

Максимален износ

200.000 ЕУР

Рок на отплата

До 8 години со вклучени 12 месеци грејс период (за основни средства)
До 3 години (за трајни обртни средства)

Годишни каматни стапки

Висината на каматната стапка зависи од  бонитетот на компанијата, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, кредитната историја и уредноста во подмирување на обврските

Намена

Нови инвестиции во основни средства: производствена опрема, машини, алати, медицинска опрема,
опрема за пакување, канцелариска опрема, земјоделска опрема, инсталации, градежна опрема, компјутерска опрема и др.
Набавка на трајни обртни средства за тековно работење
Рефинансирање на претходни инвестиции финансирани од други Банки

Провизија за водење 
на кредитот

0,25% годишно, на преостанатиот износ на кредитот

Провизија за предвремена 
отплата на кредитот

Без провизија за целосна предвремена отплата на кредитот
0,25% провизија за делумна предвремена отплата на кредитот од остатокот од износот за кој се менува
динамиката на отплата (минимум 2.500 МКД, максимум 25.000 МКД)

Манипулативен трошок

До 0,75%  (минимум 5.000 МКД)

Обезбедување

Рамковен револвинг лимит
Меница во форма на нотарски акт, хипотека на недвижен имот или рачна залога
МНА за трајни обртни средства

*Продуктна понуда на кредити во НЛБ Банка вклучува примена на фиксни или варијабилни каматни стапки. Фиксните стапки се применуваат кај краткорочните кредити и истите се непроменливи за целиот период на користење на кредитот. Варијабилните каматни стапки се применуваат кај долгорочните кредити од сопствени средства на Банката и се истите се составени од референтна стапка  плус одреден фиксен додаток/фиксен одбиток.

Како референтна стапка кај долгорочните кредити во денари се користи националната референта стапка (НРС) што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (http://www.nbrm.mk) под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“. Доколку националната референтна стапка има вредност под нула, ќе се смета дека изнесува нула. При формирање и пресметување на камата за периодот од датумот на склучување на договорот за кредитот до датумот на првото усогласување на каматната стапка ќе се применува националната референтна стапка која што е објавена на интернет страната на НБРМ на 25ти во претходниот месец пред склучувањето на договорот за кредитот. Усогласувањето на номиналната каматна стапка во која што како референтна стапка се применува НРС се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година врз основа на националната референтна стапка која што е во важност на 25.06 и на 25.12.

Како референтна стапка кај долгорочните денарски кредити со валутна клаузула и долгорочните девизни кредити во ЕУР се користи стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР. Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност нула. При формирање и пресметување на камата за периодот од датумот на првото склучување на договорот за кредитот до датумот на првото усогласување на каматната стапка ќе се применува стапката на 6 месечен ЕУРИБОР која што важи на денот на склучување на договорот за кредитот. Усогласувањето на номиналната каматна стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година согласно стапката на 6(шестмесечниот) Еурибор кој што е важечки на последниот ден од претходното полугодие(31.12, односно 30.06).