Долгорочни инвестициски кредити

Валута

Денарски кредит, девизен кредит или денарски кредит со девизна клаузула

Учество

Минимум 30% сопствено учество

Максимален износ

По договор

Каматна стапка

Висината на каматната стапка зависи од  бонитетот на компанијата, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, кредитната историја и уредноста во подмирување на обврските

Рок на отплата

До 96 месеци со вклучени 12 месеци грејс период

Намена

Набавка на нова опрема: производствена опрема, машини, алати, медицинска опрема, опрема за пакување,
канцелариска опрема, земјоделска опрема, инсталации, градежна опрема, компјутерска опрема и др.

Провизија за предвремена
отплата на кредитот

Без провизија за целосна предвремена отплата на кредитот                                                                                                 

Провизија за водење
на кредитот

0,25% годишно, на преостанатиот износ на кредитот

Манипулативен трошок

0,75% еднократно (минимум 5.000 МКД)

Обезбедување

Рамковен револвинг лимит или залог на недвижност или опрема

*Продуктна понуда на кредити во НЛБ Банка вклучува примена на фиксни или варијабилни каматни стапки. Фиксните стапки се применуваат кај краткорочните кредити и истите се непроменливи за целиот период на користење на кредитот. Варијабилните каматни стапки се применуваат кај долгорочните кредити од сопствени средства на Банката и се истите се составени од референтна стапка  плус одреден фиксен додаток/фиксен одбиток.

Како референтна стапка кај долгорочните кредити во денари се користи националната референта стапка (НРС) што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (http://www.nbrm.mk) под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“. Доколку националната референтна стапка има вредност под нула, ќе се смета дека изнесува нула. При формирање и пресметување на камата за периодот од датумот на склучување на договорот за кредитот до датумот на првото усогласување на каматната стапка ќе се применува националната референтна стапка која што е објавена на интернет страната на НБРМ на 25ти во претходниот месец пред склучувањето на договорот за кредитот. Усогласувањето на номиналната каматна стапка во која што како референтна стапка се применува НРС се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година врз основа на националната референтна стапка која што е во важност на 25.06 и на 25.12.

Како референтна стапка кај долгорочните денарски кредити со валутна клаузула и долгорочните девизни кредити во ЕУР се користи стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР. Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност нула. При формирање и пресметување на камата за периодот од датумот на првото склучување на договорот за кредитот до датумот на првото усогласување на каматната стапка ќе се применува стапката на 6 месечен ЕУРИБОР која што важи на денот на склучување на договорот за кредитот. Усогласувањето на номиналната каматна стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година согласно стапката на 6(шестмесечниот) Еурибор кој што е важечки на последниот ден од претходното полугодие(31.12, односно 30.06).