Информација за нов начин за утврдување нефункционална кредитна изложеност

Законот се применува од 01.01.2024 година

Информација за нов начин на утврдување нефункционална кредитна изложеност 

     

Почитувани,

 

Би сакале да Ве информираме дека заради промена во регулативата, Банката воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата на Народна Банка на Северна Република Македонија и истата ќе важи од 01.01.2024 година.

 

Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката.

Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност се смета доспеан долг повеќе од 90 дена во континуитет, при што вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 30.000 денари и да надминува 1% од целокупната искористена кредитна изложеност во Банката. Доколку имате нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека имате нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во Банката.  

 

Со цел одржување на добра кредитна историја, Ве молиме за навремено и редовно подмирување на сите Ваши кредитни обврски во Банката.

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје