Visa Classic кредитни картички

Револвинг картичка со минимална месечна отплата.

 

Карактеристики

  • Visa Classic e револвинг кредитна картичка со одреден лимит зависно Вашата кредитоспособност наменета за клиенти со редовни месечни приходи
  • Отплата од минимум 5% /10% од месечните трошоци или повеќе, согласно вашите можности
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на VISA
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Можност за бесплатна достава на месечниот извод на е-маил
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог, преку НЛБ Клик - интернет банкарство и НЛБ мКлик - мобилна апликација
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС терминал трансакции: до 100.000 мкд
  • Кумулативен износ од 2.000 МКД кај бесконтактните плаќања со НЛБ Платежните картички. При достигнат вкупен износ на бесконтактни плаќања од 2.000 МКД, се бара од клиентот да ја внесе картичката во читачот за да биде прочитан чипот од истата и трансакцијата да биде потврдена со ПИН код. Штом се внесе ПИН код, сумирањето/кумулирањето на износите на бесконтактни плаќања започнува повторно од 0, се до следниот збирен износ од 2.000 МКД. 

 

  • Репрезентативен пример за Visa Classic Revolving
    • 13,55% промотивна каматна стапка
    • Износ 20.000,00
    • Вкупна камата 3.647 мкд

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматни стапки

  • Активна каматна стапка до лимит: 13,55 % (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

Членарина

 За приматели на плата / пензија во НЛБ Банка: 

  • Без членарина за првата година
  • 1.200 мкд годишно на 12 месечни рати за следната година за користење на основната картичка (800 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 100.000 мкд за приматели на плата / минимум 20.000 мкд за приматели на пензија)

За неприматели на плата / пензија во НЛБ Банка:

  • 1800 мкд годишно на 12 месечни рати за првата година за користење на основната картичка (800 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 100.000 мкд за вработени / минимум 20.000 мкд за пензионери)

 

Трошок за апликација: 300 МКД