ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 – ти мај (среда).
 
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 ти мај пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
 
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти мај до 31 – ви мај и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :
   
  • 26 - ти мај (среда) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27 - ми мај (четврток) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 28 - ми мај (петок)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 31 - ви мај (понеделник)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.
     

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.05 – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.


Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.