Western Union

Брз трансфер на пари преку систем што овозможува примање и испраќање на пари низ целиот свет, на едноставен начин.

Карактеристики

  • Western Union Ви овозможува да примате и испраќате пари низ целиот свет
  • За да ја користите оваа услугата не мора да имате платежна сметка во Банка. Потребно е само да дојдете во некоја од експозитурите на НЛБ Банка за да примите или испратите пари
  • Лицата кои праќаат или примаат пари меѓусебно се известуваат за времето на праќање и износот на средствата, а парите можат да се подигнат во истиот момент откако ќе бидат испратени
  • Месечниот лимит за испраќање на парични средства изнесува до 2.500 ЕУР
  • Дневно ограничување за прием на парични средства од 5.000 ЕУР

Провизии кои се наплатуваат при испраќање евра

од 0 до 100 евра

432 ден 

од 100,01 до 200 евра

617 ден

од 200,01 до 300 евра

740 ден

од 300,01 до 500 евра

832 ден

од 500,01 до 1.000 евра

1,541 ден

од 1.000,01 до 1.500 евра

1,850 дена

од 1.500,01 до 2.000 евра

2,158 ден

од 2.000,01 до 2.500 евра

2,589 ден

Како да испратите пари преку Western Union?

1

Дојдете во најблиската експозитура на НЛБ Банка и пополнете формулар за испраќање пари преку Western Union Money Transfer. За пополнетиот формулар ќе добиете потврда со контролен број.

Локатор на експозитури

2

Известете го примачот за трансферот на пари и соопштете му го контролниот број и износот што сте го испратиле.

3

Личноста што е назначена да ги прими парите во истиот момент може да ги подигне средствата.

Како да примите пари преку Western Union?

1

Испраќачот потребно е да Ве извести кога Ви се испратени пари преку агент на Western Union Money Transfer и на кој износ.

2

Во некоја од експозитурите на НЛБ Банка пополнете го формуларот за подигање на пари. По проверка на контролниот број и вашите лични податоци, парите ќе ви бидат исплатени. 

Локатор на експозитури

3

За испраќање и/или подигање на средства потребен ви е важечки документ за идентификација – лична карта или пасош.