Вашите лични податоци може да ги ажурирате брзо, лесно и дигитално, без посета на експозитура. Ажурирајте ги податоците со Вашата електронска идентификација преку мобилната апликација OneID, од било кое место и било кое време. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на идентитетот на клиентот преку мобилната апликација OneID на КИБС.
За да извршите ажурирање на личните податоци со електронски идентитет, најнапред треба ја преземете мобилната апликација OneID и да креирате свој профил за истата. Понатаму, можете да започнете процес за ажурирање на податоците со внес на корисничко име и лозинка за најава, и потврда на својот дигитален идентитет во ОneID мобилната апликација на КИБС. Онлајн ажурирањето на личните податоци е брза и едноставна постапка која може да се заврши за само неколку минути.
Оваа дополнителна услуга значително ја олеснува постапката за ажурирање на сите лични податоци, овозможувајќи целосно дигитален процес од едно место, преку веб страницата на Банката, во кое било време и од кое било место.