Со мКлик најава до смарт награда!

Не чекај ред, чекај награди!

Преземи ја НЛБ мКлик мобилната апликација:


Активирај НЛБ мКлик мобилно банкарство во промотивниот период од 01.10.2023 до 31.12.2023 година, учествувај во НАГРАДНАТА ИГРА и добиј 3 месеци бесплатен НЛБ мКлик Стандард пакет со право на плаќање!
 

Основни информации
за наградната игра:

  • Наградната игра ќе се реализира во период од 16.10.2023 до 15.12.2023 година  
  • Извлекување: секој работен ден- 2 дневни награди, секоја среда- 2 неделни награди

Кој може да учествува 
во наградната игра:

  • Право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои во периодот од 16.10.2023 до 15.12.2023 година најмалку еднаш ќе се најават односно логираат со својата лозинка на својот кориснички профил креиран на НЛБ мКлик мобилната апликација

Награди и извлекување на добитниците:

  • Дневни награди: 86 смарт часовници, извлекување секој работен ден, во периодот од 17.10.2023 до 18.12.2023

  • Неделни награди: 18 смарт телефони, извлекување секоја среда во периодот од 18.10.2023 до 13.12.2023

Правила на наградна игра

Член 1: ОРГАНИЗАТОР

Организатор на наградната игра Со мКлик најава до смарт награда “  (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Водњанска бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).

Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Официјалното име на Наградната игра е Со мКлик најава до смарт награда “.

Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија.

Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 16.10.2023 и ќе трае до 15.12.2023 година.

Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Наградната игра има за цел рекламирање на НЛБ мКлик мобилното банкарство односно НЛБ мКлик мобилната апликација.

Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра е наменета за сите полнолетни лица, државјани на РСМ (лица со и над 18 годишна возраст), кои најмалку еднаш ќе се најават односно логираат со својата лозинка на својот кориснички профил креиран на НЛБ мКлик мобилната апликација, за време на промотивниот период од 16.10.2023 до 15.12.2023 година.

На денот на извлекување на наградата ќе немаат блокирана трансакциска сметка кај Организаторот.

 

Сите полнолетни лица кои најмалку еднаш ќе се најават односно логираат со својата лозинка на својот кориснички профил креиран на НЛБ мКлик мобилната апликација, за време на промотивниот период од 16.10.2023 до 15.12.2023 година, автоматски се квалификуваат за учество во наградната игра.

 

Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда или повеќе од една дневна награда. Учесниците кои добиле дневна награда не учествуваат во излекувањата на неделна награда. Учесниците кои добиле неделна награда не учествуваат во извлекувањето на дневна награда.

Член 7: МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој се одвива наградната игра, најмалку еднаш ќе се најави односно логира со својата лозинка на својот кориснички профил креиран на НЛБ мКлик мобилната апликација, во понатамошниот текст квалификувана најава.


Учесникот во наградната игра кој има направено најмалку една квалификувана најава во периодот назначен како период на наградната игра има право да добие само една награда (дневна или неделна).

 

На квалификуваниот учесник во наградната игра ќе му бидат земени предвид сите квалификувани најави, кои ги направил во периодот назначен како период на наградната игра. Повеќе квалификувани трансакции значат повеќе можности за награда.

 

Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.

Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:

Тип на награда Количина Единечна цeнa МКД Вкупно МКД
Дневна награда: Смарт часовник 86 3.400 292.400
Неделна награда: Смарт телефон 18 47.325,74 851.863,33

Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди е 104, а вкупната вредност на наградниот фонд е е 1.144.263,33 МКД.

Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите се врши секој работен ден во периодот од 17.10.2023 година до 18.12.2023 година. Во текот на наградната игра ќе се доделуваат еден тип дневни награди и еден тип неделни награди.

ДНЕВНА НАГРАДА

Секој ден, почнувајќи од 17.10.2023 до 18.12.2023 година ќе се извлекуваат по 2 добитници на дневна награда – смарт часовник.

Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.10.2023 од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.

Во првото извлекување на 17.10.2023 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 16.10.2023 од 00:00 часот до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 16.10.2023 година од 00:00 часот до 23:59 часот, претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците на дневна и неделна награда. За извлекувањето на 18.12.2023 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.10.2023 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 15.12.2023 година.

Последното извлекување на дневна награда е на 18.12.2023 година.

Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој работен ден во 13:00 часот.

НЕДЕЛНА НАГРАДА

Секоја среда, почнувајќи од 18.10.2023 до 13.12.2023 година ќе се извлекуваат по 2 добитници на неделна награда – смарт телефон. Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.10.2023 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во првото извлекување на 18.10.2023 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 16.10.2023 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 17.10.2023 година. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 25.10.2023, 1.11.2023, 8.11.2023, 15.11.2023, 22.11.2023, 29.11.2023, 6.12.2023, и на 13.12.2023 ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 16.10.2023 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. Во извлекувањата на неделните награди ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле дневна или неделна награда во наградната игра.

Неделните извлекувања ќе се одвиваат секоја среда во 13:00 часот.

ДОБИТНИЦИ:

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА ДНЕВНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда.

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда.

Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Водњанска бр.1, Скопје. Извлекувањата на дневните награди ќе се контролира од страна на комисија составена од 3 члена – вработени во Банката преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката. Извлекувањето на неделните награди ќе се контролира од страна на комисија составена од 3 члена –  двајца вработени во Банката и еден нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.

Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Списокот на добитници ќе биде објавуван секој работен ден на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk, по извлекувањето на дневните и неделните награди.

 

Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје — Служба за стратешки маркетинг, односи со клиенти и комуникации, Ул. Водњанска бр. 1, 1000 Скопје. Рокот за подигнување на наградите е 60 дена од денот на објавувањето на добитниците. По конечна реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

 

Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПPABO НА УЧЕСТВО

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра. Учесниците кои се квалификувани имаат право да се откажат од учество во наградната игра со испраќање на писмено известување до Организаторот.

Вработените на Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.

Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПPEHOC И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5.000,00 денари. Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат на друго лице.

 

Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци (име и презиме) на добитниците на награди од наградната игра ќе бидат обработувани за целите на наградната игра од страна на НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот тeкст: Контролор), и тоа за нивна објава на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk, по извлекувањето на дневните и неделните награди, врз основа на претходно слободно дадена изречна согласност, со која добитникот изразува волја за обработка на неговите/нејзините лични податоци за конкретно наведената цел. 

 

 

По исклучок доколку добитникот на наградна игра не се согласува со обработката на неговите лични податоци, во тој случај Организаторот ќе изврши објава на информацијата за добиена награда но без обработка на лични податоци (објава на иницијали и град) од кои не може да се идентификува ниту директно ниту индиректно добитникот на наградата.

 

Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на НЛБ Банка АД Скопје. Обработката на податоците од страна на НЛБ Банка АД Скопје е со цел полесно да се реализира и обработи секој добитник индивидуално во наградната игра. НЛБ Банка АД Скопје гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување.

 

НЛБ Банка АД Скопје ќе има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности за промоција на производите и услугите на Банката за што Банката претходно ќе обезбеди писмена и изречна согласност за користење на нивните лични податоци.

Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk , ќе бидат отстранети од веб страницата во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон. Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку емаил на dpo@nlb.mk.

Учесникот во наградната игра е известен за сите информации согласно Законот за заштита на личните податоци во моментот на собирањето на личните податоци и е запознаен со Политиката за приватност и Принципите и начинот на обработка на личните податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци на НЛБ Банка АД Скопје, објавени на веб страната на Организаторот.

Член 14: ПPABO НА ПРИГОВОР

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен вo рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 15: OТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 16: OTCTPAHУBAЊE НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА

Во случај на спор помегу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава надлежен суд во Скопје.

Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nIb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет эа промовирање на наградната игра.

Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА

За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:

  1. Радио реклама
  2. Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
  3. Интерактивни банери на веб страници,
  4. Лифлети во експозитурите,
  5. Директна комуникација со клиентите,
  6. Outdoor

Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.

 

 

НЛБ Банка АД Скопје

Листа на добитници

Име, презиме и градДатум на извлекувањеТип на награда
Самедин Имери, Прилеп 17.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Георгина Станковска, Битола 17.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
В.Ј. Штип 18.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
В.Ц.Кочани 18.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Горан Талевски, Битола 18.10.2023 Неделна награда- смарт телефон
Ајра Салкоска- Јонузи, Струга 18.10.2023 Неделна награда- смарт телефон
Александра Алексовска Николова, Радовиш 19.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
К.И Штип 19.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Никола Бакрачевски, Битола 20.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.М. Скопје 20.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Виолета Јовановска, Крива Паланка 24.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Марија Петровска, Скопје 24.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Б.Ч. Битола 25.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ф.В. Ресен 25.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.Н. Скопје 25.10.2023 Неделна награда- смарт телефон
Бобан Митев, Валандово 25.10.2023 Неделна награда- смарт телефон
Даниела Тодороска 26.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ана Стојановиќ Каевска 26.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Манта Стоименова, Кочани 27.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
М. У. Вевчани 27.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
Коце Самоиловски   30.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.Џ, Скопје 30.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
С.К- Скопје 31.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
З.Т- Охрид 31.10.2023 Дневна награда- смарт часовник
В.Г. Скопје 1.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Е.С. Врапчиште 1.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Андреа Ангова, Скопје 1.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Борче Стевчески, Скопје 1.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
С.Т. Скопје 2.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ѕ.Ч. Велес 2.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Жаклина Георгиева, Кочани 3.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.И. Скопје 3.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Муарем Идризи, Скопје 6.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Наташа Мирческа, Прилеп 6.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Д.З. Тетово 7.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ѓ.Ѓ. Радовиш 7.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Милица Јованова Гевгелија 8.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
З.Е Велес 8.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Н.С Велес 8.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Николина Димитриева, Струмица 8.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Стефанија Илков, Штип 9.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Диме Спасев, Скопје 9.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.Ј. Прилеп 10.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Е.У, Струга 10.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Д.С. Скопје 13.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Деспина Тодоровска, Скопје 13.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Василчо Николов, Струмица 14.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Горјан Миланов, Скопје 14.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
П.Р. Струмица 15.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
А.Ј. Прилеп 15.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Т.Н. Валандово 15.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Д.Б. Скопје 15.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Николче Сазданоски, Велес 16.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Дејан Насевски, Пробиштип 16.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Т.Ј.Охрид 17.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
М.Б.Радовиш 17.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
С.Џ.У. Скопје 20.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Н.Т. Тетово 20.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Благица Мирчевска, Скопје 21.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Бојан Грозданов, Битола 21.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Љубица Бурназовска, Куманово 22.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Југослава Додевска, Скопје 22.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ирена Петровска, Битола 22.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Ј.А. Скопје 22.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Влатко Цоневски, Богданци 23.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Димитар Милосовски, Кичево 23.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Р.Т Прилеп 24.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
С.С Кичево 24.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Т.П. Штип 27.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Д.П. Скопје 27.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ивана Пендовска- Вукашиновиќ, Скопје 28.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Љупчо Бубаќоски, Крушево 28.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Н.К.Охрид 29.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Јане Кировски, Скопје 29.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Зоран Попоски, Гостивар 29.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
Ќани Џафери, Гостивар 29.11.2023 Неделна награда- смарт телефон
С.Д.Охрид 30.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ж.Н. Охрид 30.11.2023 Дневна награда- смарт часовник
Горанчо Радојков, Пробиштип 1.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Елизабета Мишовска- Николиќ, Скопје 1.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
З.Т. Куманово 4.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
А.М.Н. Скопје 4.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
А.К. Скопје 5.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Љ.Ј. Кочани 5.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
С.Е. Куманово 6.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ѓ.П.С. Скопје 6.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Кристијан Георгиевски, Скопје 6.12.2023 Неделна награда- смарт телефон
Р.Д.К. Скопје 6.12.2023 Неделна награда- смарт телефон
Моника Деревјова, Скопје 7.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Јадранка Кошулчева, Велес 7.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Анита Тасевска Тетово 11.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Б.В. Скопје 11.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Виолета Маџарова, Струмица 12.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Р.М. Штип 12.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Деспина Здравковска, Радовиш 13.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Небојша Савевски, Скопје 13.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Б.Р. Струмица 13.12.2023 Неделна награда- смарт телефон
О.Р.М Скопје 13.12.2023 Неделна награда- смарт телефон
Р.Т. Скопје 14.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Ц.С. Стојаково 14.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
Мухамед Нухи, Скопје 15.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
З.П. Струмица 15.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
О.П Скопје 18.12.2023 Дневна награда- смарт часовник
С.И. Скопје 18.12.2023 Дневна награда- смарт часовник





Што овозможува
НЛБ мКлик?

  • Отворање на трансакциска сметка online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Извршување на сите плаќања со само еден клик: интернитрансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Промена на лимит на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички
  • Конверзија од една во друга валута
  • Надополнување на кредит за мобилен телефон
  • Локатор на најблискиот банкомат и експозитура
  • Директен контакт со Банката во секое време
  • Брзо и едноставно плаќање на достасаните обврски на  Вашите кредитни картички / Кредити
  • Доспевање на рати на Вашите кредитни картички
  • Плаќање на сметки за режиски трошоци без провизија 
  • Добивање на известувања (нотификации) за трансакции со платежни картички како и известувања (нотификации)  за приливи и одливи од Вашата трансациска сметка