Наградна игра за NLB Pay

Опис на наградна игра - „Активирај NLB Pay и освој Samsung S9"

НЛБ Банка во периодот од 05.12.2018 до 15.01.2019 година организира наградна игра за сите корисници на NLB Pay мобилниот паричник.

Наградната игра е наменета за физички лица, сите постојни корисници на NLB Pay, како и за новите корисници кои во периодот на наградната игра ја имаат активирано NLB Pay мобилната апликација и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени 112 дневни награди (дневно по два добитници на Bluetooth слушалки и два добитници на полнач за мобилен телефон) и 6 неделни награди – мобилен телефон Samsung S9.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој работен ден а добитниците ќе бидат објавувани на www.nlb.mk 

Последното извлекување ќе биде спроведено на 16.01.2019 година.

Правила на наградна игра „Активирај NLB Pay и освој Samsung S9!“

Член 1: ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „ Активирај NLB Pay и освој Samsung S9!” (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).

Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „Активирај NLB Pay и освој Samsung S9!”. Наградната игра е наменета за физички лица кои во периодот на наградната игра ја имаат активирано NLB Pay мобилната апликација и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка, како и за постојните корисници на NLB Pay мобилната апликација кои имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Македонија.

 Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 05.12.2018 и ќе трае до 15.01.2019 година.

Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на NLB Pay мобилната апликација за плаќања преку мобилен телефон за физички лица и зголемување на бројот на нови корисници на апликацијата.

Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), иматели на НЛБ Mastercard картичка, кои ја имаат инсталирано и активирано NLB Pay мобилната апликација, и имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка во периодот во кој ќе се одвива наградната игра. Право на учество во Наградната игра има и постојните корисници на NLB Pay мобилната апликација кои имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда. Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една дневна награда.

Член 7: УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ја има инсталирано и активирано NLB Pay мобилната апликација . Исто така, квалификувани учесници во Наградната игра се и сите постоечки корисници на NLB Pay мобилната апликација кои имаат дигитализирано барем една НЛБ Mastercard картичка.

Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.

 

Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:

Дневни награди:

Тип на награда

Количина

Единечна цена +ДДВ

Вкупно +ДДВ

Bluetooth слушалки

56

729 МКД

40.824 МКД

Полнач за телефон

56

        784,7 МКД

             43.943,2 МКД

Вкупно

112

 

     84.767,2 МКД


Неделни награди:

Тип на награда

Количина

Единечна цена +ДДВ

Вкупно +ДДВ

Мобилен телефон Samsung S9 

6

43.999 МКД

263.994 МКД

Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди е 118, а вкупната вредност на наградниот фонд е 348.761,2 МКД со вклучен ДДВ.

Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши секој работен ден во периодот од 06.12.2018 до 16.01.2019 година.

Во текот на наградната игра ќе се доделуваат два типа на награди:

ДНЕВНА НАГРАДА

Секој работен ден, почнувајќи од 06.12.2018 до 16.01.2019 година ќе се извлекуваат по 4 добитници на дневни награди – два добитници на Bluetooth слушалки и два добитници на полнач за мобилен телефон.

Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 05.12.2018 од 00:00 часот до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.

Во првото извлекување на 06.12.2018 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 05.12.2018 од 00:00 часот до 23:59 часот на 05.12.2018 година. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 05.12.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците на дневна награда и добитниците на неделна награда.

Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој работен ден во 13:00 часот

НЕДЕЛНА НАГРАДА
Секоја среда почнувајќи од 12.12.2018 до 16.01.2019 година ќе се извлекува по 1 добитник на неделна награда - мобилен телефон Samsung S9. Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 05.12.2018 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 12.12.2018, 19.12.2018, 26.12.2018, 02.01.2019, 09.01.2019, 16.01.2018 година ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 05.12.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. Во првото извлекување на 12.12.2018 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 05.12.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 11.12.2018 година.За извлекувањето на 16.01.2019 кога ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 05.12.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 15.01.2019 година. Во извлекувањата на 19.12.2018, 26.12.2018, 02.01.2019, 09.01.2019, 16.01.2019 година ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле неделна награда во наградната игра, но ќе бидат вклучени добитниците на дневна награда.

Извлекувањето на наградите ќе се врши секоја среда во периодот од 12.12.2018 до 16.01.2019 година. Во текот на наградната игра ќе се доделува само еден тип неделни награди.

Неделните извлекувања ќе се одвиваат секоја среда во 13:00 часот.

Добитници:

Добитникот на една дневна награда:

Не учествува во следните дневни извлекувања и не може да добие друга дневна награда. Добитникот на дневна награда учествува во извлекувањата на неделните награди.

Добитникот на една неделна награда:

Не учествува во следните неделни извлекувања и не може да добие друга неделна награда. Добитникот на неделна награда не учествува во извлекувањата на дневните награди.

 

Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на дневните награди ќе се контролираат од страна на комисија составена од 3 члена – вработени во Банката, а извлекувањето на неделната награда ќе се контролира од страна на четиричлена комисија составена од 3 вработени во Банката и 1 нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.

 

Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Списокот на добитници ќе биде објавуван секој работен ден на веб страната на Организаторот www.nlb.mk.  Добитниците на наградите се должни во рок од 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страната на Организаторот www. nlb.mk да ги подигнат наградите. Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје – Служба за развој на продукти, управување на односите со клиентите (CRM) и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. По доделување на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.

Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5,000.00 денари.

Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.

Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до Организаторот, врз основа на кој неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.

Член 14: ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 15: ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 16: ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.

Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.

Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:

  1. Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
  2. Интерактивни банери на веб страници
  3. Брошури и постери во експозитурите
  4. Рекламни пораки на веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје www.nlb.mk
  5. Директна пошта до имателите на картички
  6. Пораки до корисниците на мобилно банкарство и смс пораки до клиентите на Банката

 

Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.

 

Листа на добитници


Датум на извлекувањеИме и презиме на добитникТип на награда
06.12.2018 Горан Чогеља Екстерна батерија
06.12.2018 Тоди Велков Екстерна батерија
06.12.2018 Борче Ѓоргиев Bluetooth слушалки
06.12.2018 Марко Филиповски Bluetooth слушалки
07.12.2018 Бојан Саздов Екстерна батерија
07.12.2018 Габриела Јовановска Екстерна батерија
07.12.2018 Љупчо Радевски Bluetooth слушалки
07.12.2018 Бобан Дишовски Bluetooth слушалки
10.12.2018 Емир Куртиши Екстерна батерија
10.12.2018 Антонио Милошевски Екстерна батерија
10.12.2018 Марко Илиевски Bluetooth слушалки
10.12.2018 Димитар Стојчевски Bluetooth слушалки
11.12.2018 Дарко Андовски Екстерна батерија
11.12.2018 Филип Петрески Екстерна батерија
11.12.2018 Елизабета Арсова Bluetooth слушалки
11.12.2018 Александар Токарев Bluetooth слушалки
12.12.2018 Бранко Кочовски Екстерна батерија
12.12.2018 Славчо Ѓорѓиевски  Екстерна батерија
12.12.2018 Жан Чавлески Bluetooth слушалки
12.12.2018 Настасја Стојановска Bluetooth слушалки
12.12.2018 Кирил Петрески   Samsung S9
13.12.2018 Борче Толевски Екстерна батерија
13.12.2018 Драгана Јаковлевска Екстерна батерија
13.12.2018 Гоце Каламадевски Bluetooth слушалки
13.12.2018 Ангелче Унев Bluetooth слушалки
14.12.2018 Дивна Анчевска Екстерна батерија
14.12.2018 Никола Иванов Екстерна батерија
14.12.2018 Христијан Арсов Bluetooth слушалки
14.12.2018 Александар Буов Bluetooth слушалки
17.12.2018 Тодор Каранфилов Екстерна батерија
17.12.2018 Иљир Есати Екстерна батерија
17.12.2018 Ангел Поповски Bluetooth слушалки
17.12.2018 Бенјамин Хајредин Bluetooth слушалки
18.12.2018 Горан Даневски Екстерна батерија
18.12.2018 Викторија Вито Филов Екстерна батерија
18.12.2018 Христијан Божијанов Bluetooth слушалки
18.12.2018 Џемал Абди Bluetooth слушалки



Како да платам преку NLB Pay?

1

Преземете ја NLB Pay апликацијата од Google Play..

Мобилниот паричник NLB Pay може да се користи на мобилни телефони со Android оперативен систем и NFC технологија (Near Field Communication). Мобилниот паричник е наменет за сите корисници на НЛБ Mastercard картичките.

2

Внесете го Вашиот единствен матичен број (ЕМБГ) и последните 4 цифри од Вашата НЛБ MasterCard картичка.

Активирајте ја NLB Pay апликацијата со внесување на еднократна лозинка (OTP) која ќе ја добиете преку СМС порака. Креирајте 4 цифрена лозинка и Вашиот NLB Pay мобилен паричник е активиран.

 Изберете ja НЛБ Mastercard картичката која најчесто ја  користите за плаќање како главна картичка. Доколку сакате да додадете друга картичка на NLB Pay мобилниот паричник, изберете го симболот „+“. 

 

3

За да реализирате плаќање со NLB Pay мобилниот паричник потребно е да го приближите Вашиот мобилен телефон до ПОС терминалот.

Плаќањето може да се изврши само со отклучување на телефонот, без потреба од најава на апликацијата.

 *За плаќања на износ до 750 МКД не е потребно внесување на ПИН код, додека за износи над 750 МИКД потребно е да се внесе ПИН код.

За повеќе информации кликни тука