Зелен автомобилски кредит 

Максимален износ

До 3.000.000 МКД (ОБЕЗБЕДЕН кредит)
До 1.500.000 МКД (НЕОБЕЗБЕДЕН кредит)

Рок на отплата

До 95 месеци или до навршени 75 години старост (до рок на отплата)

Годишна каматна стапка

Фиксна каматна стапка:

рок на отплата до 95 м.
 4,6% фиксна каматна стапка за цел период на отплата со осигурување од незгода
 4,4% фиксна каматна стапка за цел период на отплата со животно осигурување

Услов

  • Без учество
  • Приматели на плата/пензија во НЛБ Банка и/или
  • Корисници на Лично банкарство

Кокредитобаратели

Може да се вклучи кокредитобарател по потреба. Ко-кредитобарател може да биде сопружник односно член на семејството.

Обезбедување

ОБЕЗБЕДЕН КРЕДИТ

1. Залог на возилото кое се набавува
2. Осигурување: полиса за каско осигурување на возилото со франшиза од најмногу 500 еур винкулирана во корист на Банката за цело времетраење на кредитот
3. Меница и менична изјава од сите учесници во кредитот
4. Депозит:
- до 97% од износот на депозитот се кредитира, кога депозитот и кредитот се во иста валута
- до 77% од износот на депозитот се кредитира, кога депозитот и кредитот се во различна валута

 
НЕОБЕЗБЕДЕН кредит

1. Жиранти со административна забрана од сите учесници, доколку има
2. Меница и менична изјава од сите учесници во кредитот

* Репрезентативен примерок за Зелен автомобилски кредит со полиса од незгода : 4.86 % СВТ за износ на кредит од 3.000.000 МКД, каматна стапка 4,6%, рок на отплата 95 месеци, манипулативен трошок 6.000 МКД, трошок за апликација од 800 и трошок за полиса од незгоди од 1.600 МКД годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот, месечен ануитет 37.742,00 МКД, вкупен износ за враќање 3.594.044,00 МКД

* Репрезентативен пример за Зелен автомобилски кредит со животно осигурување: 5,27% СВТ за износ на кредит од 3.000.000, каматна стапка каматна стапка 4,4%, рок на отплата 95 месеци, манипулативен трошок 6.000 МКД, трошок за апликација од 800 МКД и еднократен трошок за животно осигурување од 85.635 МКД , месечен ануитет 37.335 МКД, вкупен износ за враќање 3.546.847 МКД   

**Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот (манипулативен трошок), надоместокот за аплицирање и обработка (трошок за апликација) и висината на договорната каматна стапка. 

Трошоци: 

Манипулативен трошок: 

  • 6.000 МКД  еднократен трошок

Трошок за апликација:

  • 800 МКД за приматели на плата (еднокартно се налаќа независно од одобрувањето на кредитот)
  • 1.000 МКД за неприматели на плата (еднокартно се налаќа независно од одобрувањето на кредитот)

Трошок за полиса од незгоди (годишен трошок):

  • 1.600 МКД (износот е променлив согласно Договорот за повеќегодишно осигурување склучен помеѓу Корисникот на кредит и осигурителното друштво)

Трошок за предвремена отплата:

  • Без трошоци