Кредити за енергетска ефикасност 

 

Инвестирајте во енергетски ефикасни решенија во Вашиот дом и добијте до 20% грант (поврат) од вредноста на кредитот. Намалете ги трошоците за енергија и зголемете го комфорот во Вашиот дом. 

Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (EBRD GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување. EBRD GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), и е поддржан од грант средства од Европската Унија,  Инвестиционата Рамка на Западен Балкан и Австриското Сојузно Министерство за Финансии.

 Технологиите кои се прифатливи и одобрени од GEFF Програмата за финансирање со овој кредит може да ги најдете на Селекторот на Технологија. 

Искористете го GEFF калкулаторот за да пресметате колку отприлика ќе заштедите годишно со имплементација на прифатливите енергетско ефикасни технологии.