Правила на наградна игра
Член 1: ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „НЛБ за млади!“ (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).
Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „НЛБ за млади!“. Наградната игра е наменета за физички лица на возраст од 18 до 40 години кои во периодот на наградната игра ќе аплицираат за НЛБ Станбен кредит.
Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија.
Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 1.3.2022 и ќе трае до 31.5.2022 година.
Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на НЛБ Станбените кредити за физички лица.
Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), на возраст од најмногу 40 години на денот на аплицирање за НЛБ Станбен кредит, кои ќе аплицираат за НЛБ Станбен кредит во периодот во кој ќе се одвива наградната игра.
Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една награда.
Член 7: УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ќе аплицира за НЛБ Станбен кредит. Во извлекувањето ќе учествуваат сите лица со право на учество во наградната игра кои имаат одобрен НЛБ Станбен кредит во Банката, а за кој аплицирале за времетраење на наградната игра.
Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.
Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ја нуди следната награда: парична награда на износ од 20.000 мкд која ќе биде уплатена на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал за времетраење на наградната игра. и нуди следните награди:
Износ на парична награда
|
Вкупно награди во интервал
|
Вкупен износ на награден фонд
|
20.000 мкд
|
50
|
1.000.000 мкд
|
Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди е 50, а вкупната вредност на наградниот фонд е 1.000.000.
Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на сите 50 награди ќе се изврши по завршување на наградната игра, на 15.6.2022 година.
НАГРАДА
На 15.6.2022 година ќе се извлечат сите 50 добитници на награди. Наградата на износ од 20.000 мкд ќе биде уплатена на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал за времетраење на наградната игра.
Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 1.3.2022 од 00:00 часот до последниот ден од наградната игра, 31.05.2022 до 23:59 часот.
Извлекувањето ќе се изврши на 15.6.2022 во 13:00 часот . Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на наградите ќе се контролира од страна на комисија составена од 3 члена – вработени во Банката и 1 нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Наградата ќе биде уплатена во рок од најмногу 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk
Наградата ќе биде уплатена на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит на добитникот, откако Банката делумно или целосно ќе изврши исплата на средствата од кредитот.
Наградата нема да биде доделена на добитникот доколку не се изврши делумна или целосна исплата на средствата на кредитот.
Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Добитниците на награда ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето, на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk, со објавување на името и презимето на добитникот на наградата врз основа на претходна добиена согласност. Доколку добитникот не даде согласност, објавувањето ќе се изврши на начин што ќе се објави маскиран број на одобрениот станбен кредит со кој добитникот зел учество во наградната игра. (пример: XXXXXXXX45678).
Наградата треба да биде исплатена на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит на добитникот, во рок од најмногу 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk.
По доделување на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.
Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.
Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и данок на личен доход за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5,000.00 денари.
Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.
Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Учесникот во наградната игра се согласува неговите лични податоци собрани по основ на учество во наградната игра да бидат обработувани исклучиво за целите на наградната игра од страна на НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот такст: Контролор).
Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на НЛБ Банка АД Скопје. Обработката на податоците од страна на НЛБ Банка АД Скопје е со цел полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра НЛБ Банка АД Скопје гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување.
НЛБ Банка АД Скопје ќе има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности за промоција на производите и услугите на Банката за што Банката претходно ќе обезбеди писмена и изречна согласност за користење на нивните лични податоци.
Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk , ќе бидат отстранети од веб страницата во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон.
Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку емаил на dpo@nlb.mk
Член 14: ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 15: ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Член 16: ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.
Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.
Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:
- ТВ реклама
- Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
- Радио реклама
- Интерактивни банери на веб страници
- Брошури и постери во експозитурите
- Директна комуникација со клиентите
- Outdoor
Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите