Maestro Пензионер +

Пензионер +  картичката е кобрендирана картичка на НЛБ Банка и Сојузот на здруженија на пензионери на РМ. 

Карактеристики

  • Maestro Пензионер + е дебитна картичка со меѓународна важност поврзана со платежната сметка
  • Можност за користење на дозволено пречекорување на платежната сметка
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање на готовина на банкомати
  • Плаќање на 3,6,9 и 12 рати без камата, во зависност од износот:
    • За износи до 1.500 мкд во целост
    • За износи од 1.500 мкд до 3.000 мкд на 3 рати без камата
    • За износи од 3.000 мкд до 4.500 мкд на 6 рати
    • За износи од 4.500 мкд до 6.000 мкд на 9 рати
    • За износи над 6.000 мкд на 12 рати
  • Плаќање на обврските со траен налог или НЛБ Клик
  • Без провизија за проверка на состојбата преку интернет
  • Дополнителни попусти на продажни места со кои СЗПМ има склучено договор
  • Кумулативен износ од 6.000 МКД кај бесконтактните плаќања со НЛБ Платежните картички. При достигнат вкупен износ на бесконтактни плаќања од 6.000 МКД, се бара од клиентот да ја внесе картичката во читачот за да биде прочитан чипот од истата и трансакцијата да биде потврдена со ПИН код. Штом се внесе ПИН код, сумирањето/кумулирањето на износите на бесконтактни плаќања започнува повторно од 0, се до следниот збирен износ од 6.000 МКД. 

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 14,3% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

 

Членарина

  • 300 мкд на основната картичка која се плаќа на 12 еднакви месечни рати по 25 мкд (100 мкд за дополнителна картичка)