Одложено плаќање на кредитните обврски на клиентите физички лица 

 

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти - физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30.9.2020 година.                

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка им овозможува одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување).    

Оваа можност е креирана во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.03.2020 година), Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на Република Северна Македонија бр.116/20 од 05.05.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80/20 од 27.03.2020 година) изменета со Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.125/20 од 15.05.2020 година).

 

  МОЖНОСТ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОТПЛАТАТА НА КРЕДИТНИТЕ ОБВРСКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Можноста за одложување на отплатата на кредитните обврски се однесува на сите физички лица во НЛБ Банка, кои се финансиски погодени од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот и имаат изложеност на 29.02.2020 година,   класифицирана во категоријата на ризик А, Б или В и која нема статус на нефункционална кредитна изложеност и/или физички лица во НЛБ Банка, кои имаат изложеност одобрена во периодот од 1.3.2020 до 24.3.2020 година, која на 31.3.2020 година е класифицирана во категориите А, Б или В и која нема статус на нефункционална кредитна изложеност.

На клиентите физички лица им е овозможено одложување на плаќањето на кредитните обврски за период до 6 месеци, а најдоцна до 31.3.2021 година за сите кредитни изложености (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки). Оваа можност се однесува на сите клиенти - корисници на кредитна изложеност во Банката кои се засегнати од последиците од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, без разлика на тоа дали веќе користат одложување на плаќањето или таквата можност би ја користеле по прв пат.

 

КРИТЕРИУМИ

Можноста за користење на одложено плаќање на кредитни обврски се однесува само за оние клиенти кои се директно засегнати од негативните последици од Covid-19 кризата и кои исполнуваат еден или повеќе од долу наведените критериуми:

  • Престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот
  • Намалување на платата од најмалку 10% на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а /или ко-кредитобарателот
  • Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Covid-19 (износот на трошоците треба да биде најмалку во износ на просечната висина на месечната плата во РСМ, односно 26.867 МКД ). 

ПОСТАПКА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МОЖНОСТА ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ 

 

Клиентите на кои Банката нема да им достави индивидуална понуда, а кои сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми имаат можност да поднесат барање за одложено плаќање до Банката во најблиската експозитура најдоцна до 30.09.2020 година, при што потребно е да приложат соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите:      

  • Валидно решение или потврда за престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот
  • Валидно решение или потврда од страна на работодавачот за намалување на плата или заверен Извод од трансакциска сметка од банката во која клиентот прима плата. Намалувањето на платата треба да биде најмалку 10% и да се однесува на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот
  • Изјава за високи медицински трошоци и останати финансиски загуби поради болест предизвикана од Covid-19 на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот (износот на трошоците треба да биде најмалку во износ на просечната висина на месечната плата во РСМ, односно 26.867 МКД ). 

Банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и проценка дали доставените изјави и докази се во согласност со дефинираните критериуми, по што ќе достави повратен одговор до клиентите. Дополнително, доколку се прифати барањето, клиентот ќе треба да потпише Анекс на договор за кредит.