Со цел да им помогнеме на микро и малите претпријатија како важен столб на македонската економија, кои се најпогодени од последиците на пандемијата со вирусот Covid-19, НЛБ Бaнка и оваа година го спроведува проектот #НЛБ Рамка за помош.
Со НЛБ Рамката за помош, НЛБ Банка ќе им овозможи на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги преку различни медиуми и канали. Дополнително за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности во областа на електронската трговија (e-commerce).
На овој начин ќе им помогнеме полесно да ги надминат негативните последици од кризата, да го вратат својот нормален тек на работење и да ја зголемат својата продажба.
Пријавувањето на компаниите заврши на 10.5.2021 година. Избраните компани ќе бидат објавени дополнително на веб страницата на Банката.
Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 21 - ви јуни до 30 - ти септември