Исплатата на финансиската поддршка во НЛБ Банка ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок. Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат онлине преку веб формата достапна на линкот https://bit.ly/34vsQQS или во најблиската експозитура на Банката.
Воедно, НЛБ Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено трансакциска сметка, а се распределени за исплата во Банката, во најкус рок да се обратат во најблиската експозитура на Банката, за да ја потпишат договорната документација.
За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура, најдоцна до петок 25.12.2020 година.
За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци.