Портфолио менаџмент и инвестиционо советување

Советување во врска со можностите за инвестирање на пазарите на капитал и управување со средствата  на клиентот.

Основни информации

Со инвестиционото советување преку подобро запознавање на клиентот и неговите потреби, се дефинира инвестициона политика врз основа на која клиенотот добива препораки за вложување во хартии од вредност. Во рамките на овој процес, на клиентот му се укажува на системските и несистемските ризици кои постојат при вложувањето во хартии од вредност, како и за начинот на кои се носат препораките за инвестирање.

Услуги во рамки на инвестиционо советување

  • Совети за купување и продавање на хартии од вредност базирани на инвестиционата политика на клиентот
  • Месечни известувања за вредноста на портфолиото на клиентот
  • Известувања за корпоративни активности (дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од портфолиото на клиентот)
  • Други известувања поврзани со хартиите од вредност кои се дел од портфолиото на клиентот

Како до инвестиционо советување?

  • Склучување на договор
  • Одредување на профил на клиентот
  • Советување за инвестирање

Основни информации

Портфолио менаџмент опфаќа управување со средствата  на клиентот врз основа на однапред дефинирана инвестициона политика согласно профилот на клиентот и неговите потреби. Целта е создавање на портфолио од хартии од вредност кое на долгоречен рок ќе овозможи ефикасна диверзификација на ризикот и остварување на профитните цели на клиентите.

Услуги во рамки на портфолио менаџмент

  • Купување или продавање на хартии од вредност во име и за сметка на клиентот согласно дефинираната инвестициона политика
  • Следење и известување за корпоративни активности (дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од хартиите од вредност кои се наоѓаат во портфолиото)
  • Месечни известувања за вредноста на портфолиото на клиентот
  • Советување во врска со даночни обврски на клиентот кои произлегуваат од хартиите од вредност 

Основни информации

За професионално и успешно извршување на услугите инвестиционо советување и портфолио менаџмент потребно е да се направат квалитетни анализи врз основа на кои ќе се донесат вистинските одлуки. Клучни фактори во постапката за изготвување на квалитетна техничка и фундаментална анализа се користење на точни и релевантни податоци за компаниите и за самите акции.

Видови анализи

  • Фундаментална анализа. Се врши анализа на финансиските извештаи на компаниите и со помош на соодветени методи на вреднување се добиваат пресметки за клучни показатели врз основа на кои се проценува работењето на компанијата.
  • Техничка анализа. Оваа анализа не ги зема во предвид финансиските перформанси на компанијата, туку се базира на историските движења на цената на акцијата и истргуваната количина, при што истата има за цел да помогне во утврдувањето на вистинскиот момент за купување или продавање на одредена хартија од вредност.

За повеќе информации кликни тука