ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА И ДЕТСКА ЗАШТИТА

 
 
 

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
 

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3- ти до 8- ми јули, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  

-   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

-   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

-   8 јули (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    

     

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

     

При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.