Намалување на каматни стапки на депозитите за физички лица и промена на провизии за физички и правни лица

 

Почнувајќи од 01.05.2021 година НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР клаузула од 0,05 до 0,2 процентни поени. Новите каматни стапки за депозитните продукти за физички лица се однесуваат за сите  новосклучени договори за депозити, додека кај.постојните договори, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот.
  

Новите каматни стапки се достапни на следниот линк.

Дополнително, Ве информираме дека од 01.05.2021 година НЛБ Банка ќе изврши промена на дел од провизиите кои се однесуваат на работењето со сметки, платен промет, готовински исплати и уплати за физички и правни лица, како и зголемување на провизијата за водење на трансакциска сметка за пензионери.

Повеќе информации за новите провизии можете да добиете на следниот линк.

               

За сите дополнителни информации слободно контактирајте не на телефон 02/15-600 или во најблиската експозитура на Банката.