НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица 

 
 
 

НЛБ Банка од 1-ви јуни, 2021 година започнува промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица која ќе трае до 30-ти јуни 2021 година.

 

Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Mastercard Business картичката. Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Mastercard Business картичките во промотивниот период ќе може да ја добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 мкд со Mastercard Business картичките во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година. Дополнително за овие корисници следува и подарок - изненадување од Банката.

  

НЛБ Mastercard Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

  

Повеќе информации за промотивната кампања клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.