ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 

Ве информираме дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 25-ти април (вторник).

  
Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 25-ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 
  • 25 – ти април  (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 26 – ти април (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 27 – ми април (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 28 - ми април (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје