Сакате да купувате на рати без камата?
Со НЛБ Кредитните картички можете да купувате на рати без камата на одредени продажни места со кои имаме склучено договор.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Како се одвива купувањето на рати?
Функционалноста за плаќање на рати без камата е овозможена на определени продажни места со кои Банката има склучено посебен договор, пришто каматата се плаќа од страна на продажното место во име на корисникот.
Условите за користење на оваа привилегија се дефинираат од страна на продажните места и истата може да се однесува на определени производи, на определени периоди како и во други посебни околности дефинирани од страна на трговецот. Бројот на рати без камата исто така го определува трговецот.
Важно е да имате предвид дека при купување на рати, Вашата картичка се задолжува за целиот износ на трошење (не за износот на ратата), поради што клучно е да направите проверка на висината на расположливиот износ за трошење на картичката со која што сакате да купувате. Висината на расположливиот износ за трошење на картичката може да го проверите на брз и едноставен начин преку НЛБ мКлик мобилната апликација, НЛБ Клик електронското банкарство, на банкоматите на НЛБ Банка и во експозитурите на НЛБ Банка.
Пример:
На НЛБ Платежната картичка имате уште 15.000 мкд неискористен месечен лимит, од вкупно 30.000 мкд одобрен лимит. Производот кој сакате да го купите е 8.000 мкд и истиот се дели на 8 рати по 1.000 мкд. Вашата картичка ќе биде задолжена за 8.000 мкд, а секој месец ќе плаќате по 1.000 мкд и за тој износ месечно ќе ви се ослободува и лимитот.
Каде може да купувате на рати?
Продажните места коишто нудат можност за плаќање на рати без камата се достапни на следниот линк.
Нотификација за секоја трансакција
НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство овозможува добивање на нотификации за секоја направена трансакција со платежните картички на НЛБ Банка и овозможува дополнителен увид и контрола на сите трансакции. Исто така услугата СМС известување овозможува добивање на СМС пораки за секоја направена трансакција со НЛБ Картичките.
Инсталирајте ја НЛБ мКлик мобилната апликацијата и имајте комплетен увид на сите ваши сметки, картички, кредити директно преку Вашиот мобилен телефон, од кое било место и во кое било време!