Што да направите во случај на настаната штетa или злоупотреба?

Украдена платежна картичка
Доколку ја загубите или Ви е украдена Вашата платежна картичка потребно ќе биде истото да го пријавите на еден од следниве начини:
- Веднаш исклучете ги картичните лимити преку НЛБ мКлик мобилната апликација, НЛБ Клик интернет банкарство или НЛБ Контакт центарот
- Со јавување во НЛБ Контакт Центар на телефонски број 02/15 600
- Испратете е-mail порака на info@nlb.mk
- Посетете ја најблиската експозитура.
Украден мобилен телефон
Доколку го загубите или Ви е украден Вашиот мобилен телефон на кој користите интернет банкарство и стравувате од злоупотреба на расположливите средства кои Ви се на располагање, а може да се пристапи до нив преку вашето мобилна апликација или мобилниот паричник истото пријавете го во најблиската експозитура или контактирајте го НЛБ Контакт Центарот на телефонскиот број 02/15 600. Доколку имате НЛБ Клик можете веднаш да извршите деактивирање на мобилната апликација, како и да ги исклучите лимитите за вршење на кредитни трансфери.
Сомнително СМС/Вибер или мКлик известување за одлив на вашите средства
Доколку добиете СМС/Вибер или мКлик известување за одлив на вашите средства, а кредитниот трансфер не била извршена од Ваша страна потребно ќе биде истиот настан да го пријатвите на еден од следниве начини:
- Со јавување во НЛБ Контакт Центар на телефонски број 02/15 600
- Испратете е-mail порака на info@nlb.mk
- Посетете ја најблиската експозитура
- Веднаш исклучете ги картичните лимити како и лимитите за платежни трансакции преку НЛБ мКлик мобилна апликација, НЛБ Клик интернет банкарство или преку НЛБ Контакт центарот.
Доколку добиете сомнителен линк на кој сте ги оставиле вашите податоци и креденцијали врзани за вашето интернет банкарство и мобилна апликација и вашите картички потребно ќе биде истото да го пријавите на еден од следниве начини: