ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
„Еве зошто НЛБ клик!“
Член 1: ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „Еве зошто НЛБ Клик!“ (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).
Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „Еве зошто НЛБ клик!“.
Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија
Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 17.06.2019 и ќе трае до 30.09.2019 година.
Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица како и зголемување на бројот на активни корисници.
Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои ќе направат трансакција преку НЛБ мКлик мобилното банкарство и НЛБ Клик електронското банкарство во периодот од 17.06.2019 до 30.09.2019 година.
Под трансакција на НЛБ Клик електронското банкарство / НЛБ мКлик мобилното банкарство се подразбира секое плаќање, интерна трансакција, промена на лимит за подигање на готовина на банкомат, плаќање на продажно место - ПОС терминал и интернет, доспевање на рати на кредитни картички, надополнување на ваучер за мобилен телефон како и конверзија на валути.
Сите кои направиле трансакција преку НЛБ Клик мобилната апликација или НЛБ Клик електронското банкарство во периодот од 17.06.2019 до 30.09.2019 година, автоматски се квалификуваат за учество во наградната игра.
Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда или повеќе од една дневна награда. Учесниците кои добиле една дневна награда може да учествуваат во излекувањата на неделна награда. Учесниците кои добиле неделна награда не учествуваат во извлекувањето на дневна награда.
Член 7: МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ќе направи минимум една трансакција преку НЛБ мКлик мобилната апликација или НЛБ Клик електронското банкарство.
Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.
Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:
Дневни награди:
Тип на награда
|
Количина
|
Единечна цена
|
Вкупно
|
Bluetooth слушалки
|
212
|
1826
|
387.112
|
*Во цената е вклучен ДДВ
Неделни награди:
Тип на награда
|
Количина
|
Единечна цена + ДДВ
|
Вкупно + ДДВ
|
Мобилен телефон Samsung S10
|
15
|
51.000
|
765.000
|
*Во цената е вклучен ДДВ
Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди е 227, а вкупната вредност на наградниот фонд е 1.152.112 МКД.
Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши секој ден во периодот од 18.06.2019 до 1.10.2019 година. Во текот на наградната игра ќе се доделува само еден тип дневни и еден тип неделни награди.
ДНЕВНА НАГРАДА
Секој ден, почнувајќи од 18.06.2019 до 1.10.2019 година ќе се извлекуваат по 2 добитници на дневна награда – bluetooth слушалки.
Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 17.06.2019 од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.
Во првото извлекување на 18.06.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 17.06.2019 од 00:00 часот до 23:59 часот. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 17.06.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот, претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците на дневна награда. Последното извлекување на дневна награда е на 01.10.2019 година. Во извлекувањето на дневна награда ќе бидат исклучени добитниците кои освоиле неделна и дневна награда во наградната игра.
Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој ден во 13:00 часот
НЕДЕЛНА НАГРАДА
Секој вторник, почнувајќи од 25.06.2019 до 01.10.2019 година ќе се извлекува по 1 добитник на неделна награда - мобилен телефон Samsung S10. Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 17.06.2019 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во првото извлекување на 25.06.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 17.06.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 24.06.2019 година. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 02.07.2019, 09.07.2019, 16.07.2019, 23.07.2019, 30.07.2019, 06.08.2019, 13.08.2019, 20.08.2019, 27.08.2019, 3.09.2019, 10.09.2019, 17.9.2019 и 24.09.2019 ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 17.06.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. За извлекувањето на 1.10.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 17.06.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 30.09.2019 година. Во извлекувањата на неделните награди ќе бидат исклучени само добитниците кои веќе освоиле неделна награда во наградната игра.
Неделните извлекувања ќе се одвиваат секој вторник во 13:00 часот.
Добитници:
ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА ДНЕВНА НАГРАДА не учествува во следните дневни извлекувања и не може да добие друга дневна награда, но учествува во извлекувањето на неделна награда.
ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда.
Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на неделните награди ќе се контролираат од страна на комисија составена од 3 члена – двајца вработени во Банката и еден нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.
Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Добитниците на неделни награди ќе биде објавувани секоја недела на веб страната на Организаторот www.nlb.mk Добитникот на дневна награда ќе биде објавувен секој ден на веб страната на Организаторот www.nlb.mk. Добитниците на наградите се должни во рок од 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страната на Организаторот www.nlb.mk да ги подигнат наградите. Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје – Служба за развој на продукти,управување на односите со клиенти(CRM) и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. По конечна реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.
Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.
Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5.000 денари.
Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.
Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.
Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до Организаторот, врз основа на кој неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.
Член 14: ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 15: ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Член 16: ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.
Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.
Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:
- Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
- Интерактивни банери на веб страници
- Флаери и постери во експозитурите
- Рекламни пораки на веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје www.nlb.mk
- Директна пошта
- Пораки до корисниците на мобилно банкарство и смс пораки до клиентите на Банката
Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.