ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА НЛБ БАНКА ОД 08.04.2020 ГОДИНА

 
 
 

Почитувани клиенти,   

     

Во согласност со последните воведени мерки од Владата на РСМ за спречување на ширење на Корона вирусот, како и промената на полицискиот час, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од среда 08.04.2020 година и тоа:
     
• Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 07:30 до 13:30 часот.
 
• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат. 

   

  

Дополнително, со цел зајакнување на капацитетите на работа, од утре ќе работи и експозитурата во Ново Лисиче. Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно актуелните мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк

 

Ние сме заедно со Вас за сè што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600

        

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје