Ви го украдоа паричникот? Како да постапите?

Доколку го изгубивте Вашиот паричник со сите Ваши платежни картички јавете ни и ние веднаш ќе Ви помогнеме!
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Не паничете
Клучната работа во таквите моменти е да се смирите и да ја прифатите ситуацијата за да можете правилно да постапите. Фокусирајте се на решенијата и проучете какви Ви се можностите.
Блокирајте ги платежните картички
Ако во паричникот имавте платежни картички од НЛБ Банка, јавете нѝ се колку што е можно побрзо на 02 / 15 600, побарајте блокирање на украдените картички и запознајте сè со процедурите за издавање на нови картички.
За корисниците на НЛБ мКлик мобилната апликација
НЛБ мКлик мобилното банкарство преку пакетите со опција за плаќање Ви ја нуди можноста самостојно да ги менувате лимитите на картичките при подигнување на средства од банкомат, плаќање на ПОС терминали или за интернет плаќања. Со подесување на сите лимити на нула, дополнително ги заштитувате Вашите картички од можни злоупотреби.
Поднесете пријава во полиција
Следната важна работа е да ја известите полицијата и да ја пријавите кражбата.