Како најлесно да заштедам?

Сакате да штедите приближно по 1.000 МКД месечно, но не знаете како? За Вас го креиравме НЛБ Постепеното штедење...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сакам да штедам но не знам како?
НЛБ Банка во својот каталог на депозитни продукти го има НЛБ Постепеното штедење (краткорочно и долгорочно) кое Ви овозможува секој месец да штедите одреден паричен износ.
Колку изнесува минималниот влог?
Минималниот влог за да отворите НЛБ Постепено штедење изнесува 1.000 МКД/15 ЕУР. Секоја следна уплата потребно е да биде најмалку 1.000 МКД/15 ЕУР.
Како можам да отворам НЛБ Постепено штедење?
За да отворите штедна книшка за НЛБ Постепено штедење потребно е да ја посетите најблиската експозитура и да приложите документ за лична идентификација.
Што треба да знам?
Доколку отворите НЛБ Постепено краткорочно штедење треба да знаете дека средствата Ви се орочени на 6 или 12 месеци и истите средства Ви се расположливи само по истекот на овој период. По истекот на периодот на орочување заштедените пари заедно со каматата, автоматски ќе Ви се префрлат на трансакциска сметка.
Доколку отворите НЛБ Постепено долгорочно штедење треба да знаете дека средствата Ви се орочени на 5 години и заштедените средства Ви се расположливи по истекот на првите 12 месеци. По истекот на вкупниот период од 5 години, средствата автоматски ќе Ви се префрла на трансакциска сметка. Доколку имате редовни месечни уплати од најмалку 1.000 мкд, каматата постепено Ви се зголемува од година во година.
Како да не заборавам да уплатам на НЛБ Постепено штедење?
Доколку сте примател на плата во НЛБ Банка, најдобро е да отворите траен налог, со фиксна месечна уплата, на пример траен налог на износ од 2.500 мкд. Трајниот налог функционира зависно од датумот и износот кој сте го навеле во документот. Пример доколку наведете во трајниот налог дека сакате секој 15 – ти во месецот да се префрлаат 2.500 мкд од трансакциската сметка на Вашата штедна книшка за НЛБ Постепено штедење, автоматски секој месец ќе Ви се префрлаат наведените средства на бараниот датум. Избраниот датум надобро е да биде по датумот на кој Ви пристига плата или пензија. Оваа услуга е без дополнителна провизија.
Друг начин за реализација на уплати на НЛБ Постепено штедење е преку НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Електронското банкарство. Преку овие електронски сервиси можете самостојно да ги реализирате овие банкарски трансакции директно преку Вашиот мобилен телефон или компјутер во кое било време и место.