Наменски зелени кредити за енергетска ефикасност

За поддршка на инвестициите во енергетски ефикасни технологии со цел да се намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти. Инвестирајте во енергетска ефикасна изолација и добијте грант до 20%.             

Зелен Потрошувачки кредит

Инвестиција во изведба или реновирање на објект во кој живеат или го поседуваат, а со цел енергетска ефикасност и намалување на расходи за електична енергија/греење/ладење.   
Проектите кои се прифаќаат за финансирање вклучуваат технологии наменети за домаќинствата кои исполнуваат стандарди на изведба и се подобни за финансирање според GEFFII во Р. Северна Македонија.

Износ

До 25.000 ЕУР

Рок на отплата

До 120 месеци
Каматна стапка

5 пп + 6 месечен ЕУРИБОР варијабилна за цело времетраење на кредитот

Доколку ЕУРИБОР стапката има вредност под 0, ќе се смета дека изнесува 0.

Трошок за апликација

600 МКД за приматели

800 МКД за неприматели

Манипулативен трошок 

2%, минимум 1.000 МКД

Трошок за проценка

/

Провизија за предверемено затворање

Без трошок за предвремена отплата

Обезбедување, согласно важечките

интерни акти и процедури за

обезбедување:

Со или без жиранти и/или меница  и/или солемнизација во зависност од скоринг оценката и износот на кредит

Осигурување Сигурност ПЛУС животно осигурување
Начин на исплата Наменска исплата врз основа на доставена про-фактура/и кон фирма/и добавувач од која се врши набавката
Потребна документација

Покрај стандардната документација за аплицирање за кредит,  согласно процедурите на ЕБОР/GEFF, се доставува и следната документација поврзана со наменското искористување на средствата:

- Формулар/барање за инвестирање во енергетска ефикасност во кој се избираат видовите на технологија во која се инвестира, точниот износ и збирно сите дополнителни трошоици (работна рака/монтажа, штрафови, лепаци и сл.)

- Сертификат за прифатливост на производите / технологиите кои се набавуваат

- Барање за поврат на дел од вложените средства

*6,70% СВТ за износ на кредит од 25.000 ЕУР, каматна стапка 5,175% варијабилна годишна каматна стапка за цел период, рок на отплата 120 месеци, манипулативен трошок 2%, трошок за апликација од 600 МКД и годишна премија за колективно животно осигурување во износ од 6.900 МКД (пресметка со датум 16.6.2022).

**Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот (манипулативен трошок), надоместокот за аплицирање и обработка (трошок за апликација) и висината на договорната каматна стапка.

***Каматната стапка е варијабилна, пресметана како збир од 6 (шестмесечен) ЕУРИБОР и фиксен додаток на годишно ниво. Официјални извори за објава на ЕУРИБОР стапките се European Monney Market Institute(EMMI), Globar Rate Set Systems LTD(GRSS), Thomson Reuters и останати овластени обезбедувачи на услуги од EMMI. Доколку стапката на  Еурибор има вредност под нула, ќе се смета дека изнесува нула.

Потребни документи

Апликација Зелен кредит за енергетска ефикасност

Барање за верификација

Зелен Хипотекарен кредит

Инвестиција во изведба или реновирање на објект во кој живеат или го поседуваат, а со цел енергетска ефикасност и намалување на расходи за електична енергија/греење/ладење.   
Проектите кои се прифаќаат за финансирање вклучуваат технологии наменети за домаќинствата кои исполнуваат стандарди на изведба и се подобни за финансирање според GEFFII во Р. Северна Македонија.

Износ

До 50.000 ЕУР

Рок на отплата

До 240 месеци
Каматна стапка

4,5 пп + 6 месечен ЕУРИБОР варијабилна за цело времетраење на кредитот

Доколку ЕУРИБОР стапката има вредност под 0, ќе се смета дека изнесува 0.

Трошок за апликација

700 МКД за приматели

900 МКД за неприматели

Манипулативен трошок 

1,25% за приматели

1,5% за неприматели

Минимум: 5.000 МКД, максимум 60.000 МКД

Трошок за проценка

2.000 МКД

Провизија за предверемено затворање

Без трошок за целосна предвремена отплата

За делумна отплата:

- Без трошок запредвремена отплата на повеќе од 5% од остаток на долг

- 4.000 МКД за предвремена отплата на помала од 5% од остаток на долг

Обезбедување, согласно важечките

интерни акти и процедури за

обезбедување:

Хипотека на недвижен имот во потребен сооднос со износот на кредит согласно Правилник за обезбедување при одобрување на кредити на физички лица

Осигурување Ризико/животно осигурување
Начин на исплата Наменска исплата врз основа на доставена про-фактура/и кон фирма/и добавувач од која се врши набавката
Потребна документација

Покрај стандардната документација за аплицирање за кредит,  согласно процедурите на ЕБОР/GEFF, се доставува и следната документација поврзана со наменското искористување на средствата:

- Формулар/барање за инвестирање во енергетска ефикасност во кој се избираат видовите на технологија во која се инвестира, точниот износ и збирно сите дополнителни трошоици (работна рака/монтажа, штрафови, лепаци и сл.)

- Сертификат за прифатливост на производите / технологиите кои се набавуваат

- Барање за поврат на дел од вложените средства

*5,95% СВТ за износ на кредит од 50.000 EUR, каматна стапка 4.675%, рок на отплата 240 месеци, манипулативен трошок 60.000МКД, трошок за апликација од 700 МКД,  трошок за проценка 2.000 MKD  и и ризико премија  3.326,16 ЕУР (пресметка со датум 16.6.2022).